ЕУ парламентот го усвои “AI Act” – што значи тоа?

Европскиот парламент гласаше за усвојување на Законот за вештачка интелигенција (AI Act), и на тој начин ѝ обезбеди на Европската унија лидерска позиција во поставувањето на правила за широк спектар на софтвер кој користи вештачка интелигенција - или како што регионалните законодавци го нарекоа „првиот сеопфатен закон за вештачка интелигенција во светот“.

eu-zakon-ai-1105-fi

Извор: DALL-E3

Комплетна примена на законот од 2027 година

Пратениците на ЕУ парламентот убедливо ја поддржаа привремената спогодба постигната во декември во преговорите со Советот, со 523 гласови „за“, само 46 против, пишува порталот TechCrunch. Овој, како што многумина велат, „историски закон“ ќе претставува рамка која го препознава ризикот во вештачката интелигенција и во неа ќе се применуваат различни правила и барања во зависност од нивото на ризик поврзано со конкретниот случај на употреба.

Законот за вештачката интелигенција ќе стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службениот весник на ЕУ. Сепак ќе се спроведува постепено, првиот подсет одредби (случаи во кои се забранува употреба) ќе се применува по шест месеци, додека останатите ќе се применуваат по 12, 24 и 36 месеци. Комплетна примена не се очекува пред средината на 2027 година.

Што ќе се санкционира?

Според законот, неколку потенцијални употреби на вештачката интелигенција се сметаат за „неприфатлив ризик“ и се целосно забранети (како што се социјалното оценување или сублиминалната манипулација).

Законот исто така дефинира сет на „високоризични“ апликации (како што се вештачката интелигенција користена во образованието или вработувањето, или за далечинска биометрија). Овие системи мора да бидат регистрирани, а нивните развивачи се должни да се придржуваат до одредбите за управување со ризици и квалитет предвидени со Закон.

Европскиот пристап заснован на ризик го остава големиот дел од апликациите со вештачка интелигенција надвор од законскиот опфат, бидејќи се сметаат за низок ризик – без примена на строга регулатива.

Сепак, законот поставува одредени (благи) обврски за транспарентност на третиот подсет на апликации, вклучувајќи ги AI четботовите; генеративните AI алатки кои можат да креираат синтетички медиуми (познати како deepfake); и општите модели на вештачка интелигенција (GPAI). Најмоќните GPAI-и се соочуваат со дополнителни правила ако се класифицира дека поседуваат таканаречен „системски ризик“ – тогаш се применуваат обврските за управување со ризик.

Колку ќе изнесуваат казните?

Казните за непочитување може да се зголемат до 7 проценти од глобалниот годишен промет (или максимални 35 милиони евра) за кршење на забраните за употреби на вештачката интелигенција. Прекршувањата на други одредби за системите на вештачка интелигенција може да повлечат казни до 3 проценти (или 15 милиони евра). Несоработување со надзорните тела е предвидено да се казнува со до 1 процент.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.