2 милиони евра за македонски стартапи во „Стартапувај 6”

Јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој за поддршка на македонскиот стартап еко систем.

startapuvaj

Извор: ФИТР

Вкупно 2 милиони евра неповратни финансиски средства ФИТР ќе додели на македонски стартап компании во рамки на програмата „Стартапувај 6” за поддршка на македонскиот стартап еко систем.

Целта е преку олеснети услови за аплицирање да се обезбеди финансиска поддршка и да се поттикне иновативноста кај новооснованите компании. Парите се наменета за проекти кои имаат најмалку „потврден концепт” и јасна амбиција на комерцијализација, како и проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза.

Фондот ќе обезбеди 40.000 евра (до 90 отсто) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до три години на постоење, односно до 60.000 евра (85 проценти) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва со над 3, а помалку од 6 години постоење. Преостанатиот износ од 10 отсто односно 15 проценти од вкупниот буџет за проектот ги обезбедува апликантот.

На повикот може да аплицираат и тимови од најмногу пет члена – физички лица.

ФИТР ќе поддржи активности за истражување и развој, развој на пилот линии, производ или услуга, активности за тестирање и валидација, активности за тестирање и други. Како подобни трошоци ќе се сметаат: бруто платите за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот, набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој, како и поддоговорни услуги за истражување и развој.

Повеќе информации и документи за апликација на следниот линк.

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.