Вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција добива сè поголема автономија, а нов безбедносен тест на британскиот Институт за безбедност на вештачката интелигенција (AISI) покажа колку далеку можат да одат ваквите системи кога ќе им се овозможи пристап
Начинот на кој луѓето пребаруваат информации брзо се менува Покрај традиционалните пребарувачи, сè почесто користат алатки како ChatGPT, Perplexity, Claude, Gemini и AI Overviews за да постават прашање и да добијат директен…
Вештачката интелигенција е сè поприсутна во медиумите, компаниите и секојдневната комуникација, а Европската Унија воведува појасни правила за тоа кога корисниците мора да знаат дека содржината што ја гледаат, читаат или слушаат е…

Повеќе

Вештачка интелигенција првпат беше употребена за анализа на јавни коментари во рамки на владина консултација – и тоа на тема регулирање на козметички процедури како што се ботоксот и филерите. Резултатите покажуваат дека вештачката интелигенција не само што може прецизно да обработи голем број мислења, туку во иднина би можела значително да го олесни и забрза процесот на донесување одлуки во јавната администрација.
OpenAI и Microsoft – два технолошки гиганта кои досега делуваа како сојузници во развојот на вештачката интелигенција — би можеле наскоро да ја редефинираат својата соработка. Според информации објавени од TechCrunch, во тек се преговори кои би можеле значително да ја променат сопственичката структура и природата на односите меѓу овие компании.
Компанијата Duolingo објави дека вовела 148 нови курсеви за изучување јазици, создадени со поддршка на вештачка интелигенција.
Човечкиот развој стагнира, глобалниот напредок се забавува, а нееднаквостите растат, но вештачката интелигенција би можела да биде спас, се наведува во новиот извештај на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).
На денешен ден, во 1997 година, компјутерот на IBM, Deep Blue, го победи светскиот шаховски шампион Гари Каспаров во одлучувачката, шеста партија од реванш-мечот, со што ја запечати конечната победа од 3,5:2,5. Тоа беше момент што засекогаш го промени односот помеѓу човекот и вештачката интелигенција, првпат една машина го совлада актуелниот светски првак во шах, под официјални турнирски услови.
Американската Агенција за храна и лекови (FDA) започна серија разговори со компанијата OpenAI за можностите за примена на вештачката интелигенција во процесот на оценување и одобрување на лекови. Според извори блиски до проектот, темите на разговорите вклучуваат конкретни технолошки иницијативи, при што особено се издвојува проектот со работен назив cderGPT, потенцијално решение засновано на големи јазични модели, насочено кон поддршка на работата на Центарот за евалуација на лекови (CDER).