Mattel информира дека заедничкиот труд со OpenAI ќе овозможи развој на нови производи и искуства базирани на вештачка интелигенција. Иако конкретните детали сè уште не се познати, првиот производ од оваа соработка се очекува до крајот на годината , веројатно ќе биде AI-верзија на Барбика.
„Секој наш производ и искуство се дизајнирани за да ги инспирираат обожавателите, да ја забавуваат публиката и да ги збогатат животите преку игра. Вештачката интелигенција има моќ да ја прошири оваа мисија и да овозможи нашите брендови да допрат до потрошувачите на нови и возбудливи начини. Соработката со OpenAI ќе ни овозможи да ги искористиме најновите технологии за да ја зацврстиме лидерската позиција во иновациите и да создадеме нови облици на игра,“ изјави Џош Силверман, главен директор за франшизи во Mattel.
Покрај развојот на играчки и игри, партнерството се проширува и во внатрешните процеси на Mattel. Компанијата најави дека ќе ги внесе напредните алатки на OpenAI, вклучувајќи го и ChatGPT Enterprise, во својот оперативен систем за да го унапреди развојот на производи, да поттикне креативност и да го продлабочи ангажманот на потрошувачите со брендот.
„Задоволство ни е што соработуваме со Mattel додека тие воведуваат внимателно осмислени AI-искуства и производи во своите култни брендови, а воедно им овозможуваат и на вработените бенефити од користење на ChatGPT. Со OpenAI, Mattel има пристап до напреден сет на AI-можности, како и нови алатки што овозможуваат поголема продуктивност, креативност и трансформација на компанијата во голем обем,“ изјави Бред Лајткеп, главен оперативен директор на OpenAI.
Извор – bizlife.rs