Демократија или ризик: Каде води иднината на вештачката интелигенција?

Додека големите технолошки гиганти и натаму ја држат доминантната позиција, сè повеќе експерти и организации предупредуваат на потребата од алтернатива позната како демократска вештачка интелигенција. Како што пишува TechNewsWorld, станува збор не само за техничка отвореност, туку за длабока промена во начинот на кој се развива, користи и контролира вештачката интелигенција.

ai-3803-fi

Извор: freepik

Во сржта на оваа идеја лежи верувањето дека моќта на AI не смее да биде концентрирана во рацете на неколку корпорации. Напротив, таа треба рамномерно да се распредели меѓу заедниците, истражувачите, институциите и самите корисници. „Демократската вештачка интелигенција претставува филозофија и практичен пристап за поширока распределба на влијанието и контролата врз оваа технологија“, стои во текстот.

Отворен код, транспарентност и вклученост

Наместо затворени, сопственички и недостапни системи, приврзаниците на овој концепт се залагаат за отворен пристап до кодот, моделите и податоците, како и за зголемена транспарентност и учество на јавноста во донесувањето одлуки. На некој начин, развојот на AI започнува да наликува на дигитална верзија на демократско собрание  каде што граѓаните имаат збор во тоа како технологијата ќе се користи во нивното секојдневие.

Овој пристап нуди низа придобивки. Отвореноста носи побрзи и подиверзитетни иновации, бидејќи вклучува луѓе од различни области со различни перспективи. Транспарентноста го намалува ризикот од злоупотреба и ја зголемува довербата на јавноста. Како што забележува авторот: „Тешко е да се скрие дигитална измама кога сите гледаат.“

Уште една важна предност е намалувањето на зависноста од големите технолошки добавувачи. Демократскиот пристап охрабрува интероперабилност и го намалува ризикот од монополи, создавајќи простор за поголема конкуренција и локални иновации. Но клучната разлика е во вредносниот систем – традиционалниот AI е воден од профит, додека демократската AI ги става во фокус јавниот интерес и општото добро.

Почетоци низ светот: од ЕУ до Хјугинг Фејс

Неколку глобални иницијативи веќе го следат овој пат. Европската Унија отворено се залага за дигитален суверенитет и развој на отворени платформи. Компании како Hugging Face нудат слободен пристап до модели и податоци, додека блокчејн-платформи овозможуваат децентрализирано управување со AI системи во рамки на заедници. Истовремено, држави како Канада и Велика Британија вложуваат во отворени истражувања преку програми како CIFAR AI Chairs и Институтот Алан Тјуринг.

Иако концептот на демократска вештачка интелигенција сè уште се развива, неговите потенцијали се веќе очигледни: пофер системи, локално релевантни решенија, поголема доверба и побрза реакција на глобални предизвици. Примената на принципите на отворен код, не само за софтвер, туку и за податоци, алгоритми и управување  можеби претставува, како што заклучува TechNewsWorld, единствениот навистина одржлив пат напред.

Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.