Вештачка интелигенција

Повеќе од 2.000 учесници, 100+ говорници, 400+ стартапи и 200+ инвеститори од над 50 земји беа дел од второто издание на Startup Revolution AI Summit, кое се одржа од 1 до 4 октомври
Илон Маск ја прифати новата терминологија што ја промовира американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека AI единицата на неговата компанија SpaceX ќе го промени името од SpaceXAI во SpaceXSI Промената доаѓа по иницијативата на Трамп изразот „artificial intelligence“ да се замени со „super intelligence“,…
Скопје, 2 октомври 2026 – Во Скопје започна Startup Revolution AI Summit 2026, четиридневен настан кој од 1 до 4 октомври ги обединува стартапите, инвеститорите, претприемачите, технолошките компании и претставниците на институциите околу…

Повеќе

Според пишувањата на Bloomberg News, Apple формирал нов тим кој развива ново искуство со пребарување, налик на ChatGPT. Како што се наведува во извештајот објавен во недела (3 август), новата група на Apple под името Answers, Knowledge and Information (AKI) работи на развој на т.н. answer engine – систем кој би можел да пребарува интернет и да одговара на прашања од општа култура.
Директорот на OpenAI, Сем Алтман, им порача на корисниците дека разговорите со ChatGPT не се правно доверливи, дури и кога алатката се користи за чувствителни теми како ментално здравје или правни совети. Иако алатот може да делува како соговорник, законска заштита на доверливоста не постои.
На Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) во Шангај, Кина прикажа стотици хуманоидни роботи кои претставуваат клучен момент во развојот на embodied AI форма на интелигенција која комбинира мисловни способности и физичко присуство. Повеќе од 800 компании учествуваа на конференцијата, претставувајќи над 3 000 нови производи, но главни ѕвезди беа роботите кои боксуваат, креваат полици, играат маџонг, па дури и точат пиво.
Една од работите кои обожавателите на класикот на Џејмс Камерон, „Титаник“, никогаш не успеаја да ја преболат е прашањето, дали Џек можел да го преживее потонувањето на легендарниот Титаник, само ако се потрудел малку повеќе да се искачи на пловечката врата што ја спаси Роуз од ледените води.
OpenAI ја претстави новата функција Study Mode во рамки на ChatGPT, иновативен пристап кој поттикнува критичко размислување, наместо само брзи одговори. Овој режим е достапен за сите регистрирани корисници и функционира како интерактивен тутор осмислен да поттикне подлабоко разбирање и самодоверба кај учениците.
Што ќе се случи со дигиталната содржина кога сè ќе може да ни генерира вештачка интелигенција?