Премиерот Ли Ќиџијанг ја искористи оваа прилика да најави основање на нова организација која ќе се занимава со заедничка регулација на развојот на вештачката интелигенција. Тој нагласи дека иновациите мора да одат рака под рака со одговорноста, особено кога AI добива и физичка димензија.
Роботи во индустриски униформи
И додека говорницата беше резервирана за сериозни пораки, изложбениот дел од WAIC беше вистинска технолошка сцена. Посетителите гледаа роботи во индустриски униформи како извршуваат задачи слични на оние на фабрички ленти, но и такви кои свират тапани, играат игри на среќа или демонстрираат боречки вештини. Сите тие се пример за она што се нарекува embodied AI комбинација од тело и ум, софтвер и хардвер, алгоритам и движење.
Особено внимание привлече моделот R1 на кинеската компанија Unitree, кој чини околу 5 500 долари. Со своите 26 зглобови, бинокуларен вид и способност за разбирање и реагирање на човечки говор и слики, R1 покажа дека хуманоидната роботика влегува во фаза во која повеќе не е недостижна за комерцијална употреба. Неговите демонстрации како тркалање, трчање, па дури и бокс покажаа колку брзо напредува оваа технологија.
Освен Unitree Robotics, компании како AgiBot и Keenon претставија роботи дизајнирани за угостителски персонал во ресторани, хотели и магацини. Keenon-овиот XMAN-F1, двоножен робот со специјализирана намена, е најавен како прв од таков вид на кинескиот пазар.
Стручњаците оценуваат дека Кина има огромна предност во развојот на вакви системи затоа што располага со милијарди единици реални податоци од индустријата, градовите и секојдневниот живот. Тоа ѝ овозможува побрзо тренирање и имплементација на вакви системи во реални услови, што би можело да ги постави кинеските компании како лидери во глобалната трка за хуманоиден AI, објави TechRadar.
Иако овие роботи сè уште делуваат малку „тврдo“ и несмасно, јасно е дека светот забрзано се движи кон секојдневие во кое хуманоидните машини ќе им помагаат на луѓето во работата, здравството, па и во забава. WAIC 2025 можеби е првиот голем чекор во таа насока, чекор кој овојпат не се мери во алгоритми, туку во хуманоидни чекори на роботите.
Извор: web-mind.rs