Трансформирајте го својот дом со SBS Family Hub™ – повеќе од обичен фрижидер!
Замислете си фрижидер кој не само што е енергетски ефикасен, туку е и толку лесен за користење што едноставно делува како да е волшебен уред. Станува збор за иновативниот фрижидер со две врати SBS Family Hub, кај кој автоматското отворање на вратата ќе го направи вашето секојдневие во кујната побрзо и полесно. Сензорите на двете страни го детектираат вашиот допир, а со нежно притискање, вратата се отвара со светлосен и звучен сигнал. Визуелно фантастично изведено – овој фрижидер нема рачки, што му дава елегантен и модерен изглед, совршено вклопувајќи се во секој дом. Дополнително, ќе можете да го контролирате и да управувате со него со гласовни команди преку Samsung Bixby, да споделувате фотографии на големиот дисплеј, да слушате омилена музика или да пристапувате до корисни информации на Daily Board.
Со вградената технологија SmartThings Hub, лесно се управува со сите поврзани уреди во домот, благодарение на вградената Wi-Fi конекција која овозможува брзо и удобно управување со уредите преку смарт апликации. Twin Cooling Plus технологијата ќе ги одржува сите ваши намирници во фрижидерот во идеални услови, благодарение на прецизно приспособената температура и влажност, а тука се и металното ладење и брзо замрзнување како дел од функциите кои го прават фрижидерот со две врати SBS Family Hub едно од најнапредните решенија за чување на храната.
Паметна машина за перење со најнови технологии
Извор: Samsung
Машина за перење алишта која размислува наместо вас и го прилагодува секој циклус на перење според вашите потреби е новата Samsung WF90F24. Опремена со иновативната AI Wash технологија, оваа интелигентна машина за перење алишта користи вештачка интелигенција и напредни сензори за да ја препознае тежината, типот и нивото на извалканост на алиштата, за да потоа автоматски дозира идеална количина детергент и вода и ги оптимизира параметрите на перењето (време на накиснување, плакнење, центрифугирање), осигурувајќи темелно и нежно чистење. Резултатот е беспрекорно испрани алишта со минимална потрошувачка на ресурси – технологијата работи за вас, претворајќи го секојдневното перење во high-tech искуство.
Покрај интелигенцијата во перењето, Samsung WF90F24машината за перење со предно полнење со А -55% Extra Energy Efficiency и AI Home се истакнува и со поврзаноста и ефикасноста. Благодарение на вграденото Wi-Fi поврзување, оваа машина лесно се интегрира во вашиот паметен дом – можете од каде било и во секое време да ја надгледувате и контролирате преку вашиот паметен телефон со помош на апликацијата SmartThings. Дополнително, нејзиниот напреден систем придонесува за врвна енергетска ефикасност, штедејќи струја без компромис во изведбата. Модерниот дизајн и интуитивниот AI контролен панел го заокружуваат впечатокот: со спојот на иновација и модерност, Samsung WF90F24 претставува навистина паметна инвестиција за секој што се стреми кон поквалитетно и поедноставено секојдневие, исполнето со најнови технологии
Новиот стандард за правосмукалка е поставен!
Извор: Samsung
Bespoke AI Jet Ultra е новата премиум безжична стик-правосмукалка во светот на чистењето, која комбинира огромна моќност и вештачка интелигенција за совршени резултати. Со максимална моќ на вшмукување од 400 W, овој уред со прекрасен дизајн лесно се справува со најтврдокорната нечистотија, благодарение на својот иновативен HexaJet мотор. Со хексагоналната структура и двофазниот дифузер, моторот ги оптимизира протокот на воздух и ефикасноста, овозможувајќи до 100 минути работа со едно полнење. Без разлика дали станува збор за обичен под или тепих со долги влакна, AI Cleaning Mode 2.0 автоматски ги прилагодува перформансите за најдобро чистење. Овој напреден режим, кој користи Samsung AI Optimum Tech, ја препознава состојбата на подот и ја оптимизира моќта на вшмукување за секоја специфична површина.
Bespoke AI Jet Ultra стик правосмукалката доаѓа и со HEPA филтрациони систем, кој гарантира чист воздух со задржување на 99,999% од прашината додека го чистите домот, а сето тоа благодарение на повеќеслојната филтрација. Ова дополнително ја прави Bespoke AI Jet Ultra идеален избор за оние кои сакаат максимална чистота без компромиси, создавајќи здрав и свеж дом.
Ексклузивни подароци при купување на Samsung апарати за домаќинството
Извор: Samsung
Токму овие апарати за домаќинството сега можат да ви донесат фантастични Samsung Galaxy подароци.
Со купување на фрижидерот Bespoke AI Family Hub, ќе го добиете како подарок таблетот Galaxy Tab S9 FE кој се одликува со врвни карактеристики и елегантен дизајн, идеален за работа, учење или забава.
Ако пак изберете машина за перење WF90F или стик правосмукалка Jet, добивате таблет Galaxy Tab A9+, одличен избор за секојдневна употреба, со моќни перформанси и компактен дизајн кој ќе ви овозможи лесно да се справувате со сите ваши активности, било да сте дома или во движење.
Промоцијата трае од 31 март до 7 април. Искористете ја и збогатете го својот дом со најновите иновации од Samsung!
Извор: Samsung