Рецензија: Стик правосмукалка Samsung Bespoke AI Jet Ultra

Samsung Bespoke AI Jet Ultra ја тестирав во период од 3 недели, практично секојдневно, во стан со теписи, паркет, плочки, мебел и (најважно) мачка, што автоматски значи влакна насекаде. И после ова тестирање можам да кажам дека ова не е „обична“ правосмукалка, туку сериозен уред за темелно чистење со вистински паметни функции.

bespoke-5400-fi

Извор: webmind редакција

Моќ на вшмукување која веднаш се осеќа

Првото нешто што го забележав е моќта на вшмукување (400W), и тоа не само како податок на уредот, туку веднаш се осеќа при првото поминување.
Особено на теписи и во места каде што се собира фина прашина, трошки или влакна, многу брзо ја „вади“ нечистотијата и она што е длабоко втиснато.

Вештачка интелигенција што реално работи

Оваа правосмукалка има AI режим, и тоа не е маркетинг фраза.
Самата четка препознава тип на под (тепих/паркет/плочки) и ниво на нечистотија, и согласно тоа, може да се менува моќта на вшмукувањето. Во моментот кога ќе се вклучи „на најјако“, тоа буквално ќе го чуете звучно – правосмукалката „повлекува“ силно и станува поинтензивна.

bespoke-5400-ps2

Извор: Приватна архива

Станицата / сталакот: најголемо олеснување од оваа правосмукалка

Најголемото откритие и нешто што мене лично ми беше најголема помош од првиот ден е станицата (сталакот) на кој стои правосмукалката, затоа што не е само сталак, туку и систем за автоматско празнење.

Искрено, ова е моментот што го прави уредот „луксуз“.
Чистиш → ја враќаш на станицата → се испразнува → продолжуваш.

Нема рачно празнење на резервоарот во канта, нема прашина што се крева, нема мака. Само празниш и продолжуваш, и токму тоа менува сè кога чистиш поголем стан или повеќе простории една по друга.

Вреќичка за нечистотии + филтер со нотификација

Станицата има посебна вреќичка за прав и нечистотии, во која автоматски се префрла сè што правосмукалката ќе собере.

Плус, кај резервоарот на самиот стап има дополнителен филтер, за кој на дисплејот ти стигнува нотификација кога треба да се исчисти. Ова дополнително одлично, бидејќи не мораш да се прашуваш „дали е време“, туку уредот ти кажува.

ХЕПА филтрација – важна работа (и ја крева цената)

Особено би ја истакнала HEPA филтрацијата, затоа што тоа е една од главните причини зошто овој уред е во повисока класа (и зошто е поскап).

Филтрацијата значи дека при чистење не ја враќа фината прашина назад во воздухот, што е многу важно доколку сте склони кон алергии, деца постојано трчаат низ домот, ако живеете со милениче или едноставно сакате реално „чист воздух“, не само чист под.

Ова е детал што многумина го игнорираат, а реално прави голема разлика.

Четки и додатоци: комплет што покрива сè

Во комплетот има повеќе четки и додатоци за да можете да исчистите буквално сè, од под до мебел и тесни ќошиња.

Посебно корисно со мачка

bespoke-5400-ps1

Извор: приватна архива

Јас имам мачка, и тоа се осеќа дома – влакна на кауч, на теписи, околу агли… Но после 3 недели користење, видливо имам помалку влакна, најмногу на:

  • каучот и столчињата,
  • агли и рабови,
  • теписи каде што влакната „се лепат“.

Има и тенок додаток што се продолжува, и за мене тоа е must-have, затоа што:

  • влегува во тесни простори (меѓу мебел, радијатор, под кревет),
  • достигнува високи ќошиња,
  • собира прашина од места што инаку се „невидливи“, а најбрзо се полнат.

Посебен сталак за додатоците

Многу практично е што во комплетот има и посебен сталак за додатоци и четки — и тоа значи дека додека чистиш низ станот, си го земаш со себе и ги менуваш додатоците во движење, без да бараш низ кутии или плакари.

Естетика и впечаток

Да бидам искрена – изгледот е премиум.
Правосмукалката со станицата изгледа елегантно и како дел од мебел, не како апарат што мора да го одложиш во просторија со останатите домашни апарати.

Баш поради тоа, освен за дома, ја гледам како одлична и за канцеларии, студија, салони, простории каде изгледот е важен исто колку и функционалноста.

Заклучок + цена

Samsung Bespoke AI Jet Ultra во мојот тест се покажа како правосмукалка што чисти сериозно и темелно, има AI што реално помага, има одлични четки и додатоци, и најважно: станицата со автоматско празнење е најголемо олеснување во пракса.

Цената за Samsung Bespoke AI Jet Ultra (VS90F40DEK/GE) е 79,999.00 денари.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.