Apple го одложува основниот iPhone 18 и воведува нов ритам на лансирање поради растот на цените на меморијата

Apple ја менува својата долгогодишна стратегија за лансирање на iPhone моделите, одложувајќи го излегувањето на стандардниот iPhone 18 за 2027 година. Причина за оваа одлука се наглиот раст на цените на мемориските компоненти и нарушувањата во глобалниот синџир на снабдување.

apple-5375-fi

Извор: Apple

Според најновите информации од добро информирани извори, компанијата ќе го помести претставувањето на основниот модел, кој традиционално се лансира заедно со останатите уреди во септември, за следната година. Наместо тоа, Apple оваа есен ќе претстави само три модели: првиот преклопен iPhone, iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max, додека основниот iPhone 18 се очекува дури во пролетта 2027 година.

Ова ќе биде првпат по повеќе од една деценија Apple да не ја претстави целата iPhone серија истовремено, туку да воведе двофазен ритам на лансирање.

Причини: раст на цените и нарушувања на пазарот

Главната причина за ваквиот потег е сериозното нарушување на пазарот на мемориски чипови и нивното значително поскапување. Според Counterpoint Research, цените на меморијата во последниот квартал од минатата година пораснале за повеќе од 50%, а во првиот квартал годинава се очекува дополнително зголемување од околу 50%.

Во вакви услови, профитабилноста на поевтините модели се намалува, бидејќи тие имаат понеповолен однос меѓу трошоците и заработката. Затоа Apple одлучи приоритет да им даде на Pro моделите, кои носат значително повисока маржа.

Дел од аналитичарите сметаат дека одлуката е поврзана и со желбата компанијата да го насочи вниманието кон првиот преклопен iPhone – нова категорија во нејзината понуда.

Притисок врз снабдувањето и растечка побарувачка од AI индустријата

Apple се соочува и со дополнителен притисок во синџирот на снабдување, бидејќи производителите на меморија и процесори сè повеќе се насочуваат кон нарачки од големи AI компании како Nvidia и Google. Ова доведува до намалена достапност на клучни компоненти за Apple во споредба со претходните години.

Извршниот директор Тим Кук неодамна изјави дека влијанието од цените на меморијата било минимално во периодот октомври–декември, но предупреди дека значително поголеми ефекти се очекуваат во периодот од јануари до март.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.