Истражувачи од MIT Media Lab дошле до запрепастувачки заклучоци: користењето на ChatGPT при пишување може да ја намали мозочната активност, да го намали чувството на сопственичко право врз својот труд и долгорочно да го ослаби размислувачкиот капацитет. Додека AI алатките сѐ повеќе стануваат дел од секојдневието, клучното прашање не е само што можеме ние да направиме со нив – туку што тие прават со нас.
Chatgpt
Повеќе
Технолошките гиганти како Anthropic, Microsoft, Meta и Google водат вистинска трка за склучување профитабилни договори со американските безбедносни и разузнавачки служби. Станува збор за пазар вреден стотици милијарди долари, а она што е иронично, многу од овие компании до неодамна беа категорично против употреба на вештачката интелигенција за воени цели.
Вчера (10.06.2025 година) ChatGPT повторно беше недостапен, речиси цел ден. Милиони корисници ширум светот останаа без пристап до овој AI алат, вклучувајќи ги и моите колеги во канцеларија. Проблемите ги зафатија и другите сервиси на OpenAI, вклучително и алатката Sora за генерирање видеа, што предизвика тивка паника.
Што ако тоа не беше само технички дефект, туку стрес-тест за иднината на AI инфраструктурата? Или уште подобро формулирано:
Ако ChatGPT утре повторно престане да работи, дали вашиот тим и вашиот производ ќе продолжат да функционираат?
OpenAI претстави нови можности во рамки на ChatGPT кои се особено корисни за деловните корисници. Меѓу најистакнатите новитети се снимање состаноци и автоматска изработка на транскрипти со временски ознаки, како и поврзување со популарни сервиси за чување документи како Google Drive, Dropbox, Box, SharePoint и OneDrive.
Вештачката интелигенција би можела наскоро да го надмине копањето на Bitcoin по потрошувачка на енергија, покажува нова анализа која заклучува дека AI би можел да користи речиси половина од вкупната електрична енергија што глобално ја трошат дата центрите до крајот на 2025 година.
OpenAI планира да им овозможи на корисниците да се најавуваат на разни апликации користејќи ги нивните ChatGPT профили, со што ќе се поедностави процесот на автентикација и ќе се зголеми интеграцијата на вештачката интелигенција во секојдневните дигитални алатки.
All articles loaded
No more articles to load