Проблеми со ChatGPT од раните утрински часови
Прекинот во работата на ChatGPT на 10 јуни започна околу три часот по полноќ според американско време, додека во Македонија и регионот првите проблеми се појавија во утринските часови. Корисниците пријавуваа грешки при вчитување, бавен одзив на системот, како и целосен прекин на гласовната функционалност. OpenAI дури околу полноќ по наше време објави дека API-то е целосно стабилизирано, но проблемите со гласовниот режим продолжија и понатаму.
Ова не е првпат ChatGPT да се соочи со прекини во работењето. Слични ситуации беа забележани и во јануари и март годинава. Секоја од нив донесе мешани реакции од фрустрации до шеги на сопствена сметка. Тоа само ја потенцира нашата сè поголема зависност од генеративната вештачка интелигенција.
Ова веќе не е само четбот. ChatGPT стана незаменлив дел од секојдневното работење, комуникација, па дури и образование.
Затоа се поставува едно сериозно прашање:
Ако ChatGPT утре повторно престане да работи, дали вашиот тим и вашиот производ ќе продолжат да функционираат?
Ваквите прекини не се само технички дефекти, тие ја тестираат нашата подготвеност да градиме стабилни системи засновани на големи јазични модели. Сигурноста, редундантност и постоењето на план Б стануваат клучни елементи на дигиталната отпорност.
Затоа што, следниот пад можеби нема да трае само еден ден.
Што е ChatGPT?
ChatGPT е напреден четбот базиран на вештачка интелигенција, развиен од компанијата OpenAI. Тој користи јазичен модел од типот GPT (Generative Pretrained Transformer) со цел да ги разбере поставените прашања и да генерира природни и смислено формулирани одговори.
Наменет е за разни цели, од помош при учење, пишување и кодирање, до креативни задачи и деловна поддршка.