Вештачка интелигенција, која до неодамна беше фасцинација на научната фантастика, денес е алатка која милиони луѓе ја користат секојдневно за информирање, креирање содржини и решавање проблеми. Но, како што сѐ повеќе се потпираме на модели како ChatGPT, се поставува прашањето дали тие ни помагаат да размислуваме подобро или, парадоксално, нѐ учат да размислуваме помалку?
Проектот Твојот мозок на ChatGPT (Your Brain on GPT), кој неодамна го претставија истражувачите од MIT Media Lab, се обидува да одговори токму на тоа прашање. Во експериментот биле набљудувани три групи учесници додека пишувале есеи: едните пишувале без никакви помагала, другите користеле интернет пребарување, додека трети имале пристап до ChatGPT. Со EEG мерења на мозочната активност, добиените резултати откриваат јасна разлика, објави Media Mit Edu.
Помала ангажираност на корисниците на ChatGPT
Учесниците кои користеле AI покажале најмала мозочна ангажираност, особено во алфа и бета фреквенциите кои се клучни за внимание, анализа и донесување одлуки. Нивните есеи, и покрај граматичката исправност, биле помалку разнолики и креативни, а учесниците потешко ги препознавале своите реченици и изрази. Кога подоцна се обиделе да пишуваат без помош, задржале намалена мозочна активност, што сугерира потенцијален „когнитивен долг“.
Иако AI несомнено го олеснува многу задачи, авторите на студијата предупредуваат на потребата од критички пристап. Користењето на ChatGPT како асистент, а не како замена, е клучот за зачувување на мисловните способности и развој на автентичен израз. Воспоставувањето на баланс помеѓу практичноста и размислувањето е важно, бидејќи постои ризик дека брзината ќе ја замени внимателноста, а практичноста – промисленоста.
Оваа студија е само почеток на подлабока расправа за тоа како AI не само што го обликува она што го правиме, туку и како размислуваме.
Извор: web-mind.rs