Нова функција во ChatGPT: Снимање состаноци и автоматски белешки

OpenAI претстави нови можности во рамки на ChatGPT кои се особено корисни за деловните корисници. Меѓу најистакнатите новитети се снимање состаноци и автоматска изработка на транскрипти со временски ознаки, како и поврзување со популарни сервиси за чување документи како Google Drive, Dropbox, Box, SharePoint и OneDrive.

chatgpt-3698-fi

Извор: freepik

Благодарение на овие новини, корисниците ќе можат да ги забележуваат brainstorming сесиите и важните состаноци, додека ChatGPT автоматски ќе ги издвојува и структуира информациите од документите. Транскриптите ќе бидат со временски ознаки, а од разговорите ќе се генерираат и задачи – без потреба од дополнително пишување.

Со интеграцијата со сервисите за складирање податоци, ChatGPT овозможува анализа на документи, притоа почитувајќи ги правилата за пристап – увид во податоците ќе имаат само лицата кои веќе имаат овластен пристап во рамки на компанијата. Ова овозможува безбедно и ефикасно користење на вештачката интелигенција во деловните процеси, пренесува Bug.

Достапноста зависи од претплатата

Снимањето на состаноци е достапно за корисниците со ChatGPT Team претплата, додека поврзувањето со надворешните сервиси за складирање документи е овозможено за корисниците на пакетите ChatGPT Team, Enterprise и Edu.

Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.