Технологијата во денешниот свет станува сојузник што може да направи разлика. Вештачката интелигенција, која до неодамна се поврзуваше со експериментални лаборатории и стартапи, денес се применува во реални, опипливи ситуации што се однесуваат на секојдневниот живот и иднината на планетата.
Ai
Повеќе
Од 1 септември 2025 година, Кина ќе стане првата земја во светот што ќе ја воведе вештачката интелигенција како задолжителен предмет во сите училишта, вклучувајќи ги и најмалите ученици, уште од шеста година од животот.
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) станаа првата земја во светот која користи вештачка интелигенција за помош при изработка и подготовка на закони. Оваа историска одлука беше донесена во 2024 година, кога владата на ОАЕ, во соработка со Универзитетот за вештачка интелигенција Мухамед бин Зајед (MBZUAI) и Министерството за кабинетски работи, започна иновативен проект што ги обединува правото и најнапредната технологија.
Фризерските салони ширум кинеската провинција Гуангџоу сè почесто воведуваат AI машини за миење коса, кои според локалните медиуми, ја завршуваат работата за само 13 минути. Овој технолошки новитет е дел од поширокиот тренд на автоматизација на услугите, а во јавноста веќе е познат како „AI шампон манија“.
Новото истражување спроведено од компанијата Wakefield Research за SAP открива интересен тренд меѓу американските бизнис лидери, дури 74% од нив имаат поголема доверба во препораките што ги дава вештачката интелигенција отколку во советите од пријателите и семејството.
Новата функционалност на AI моделот Gemini 2.0 Flash од Google овозможува отстранување на водени жигови од слики, што отвора врата за потенцијални злоупотреби на авторските права. Овој технолошки напредок предизвика загриженост кај креаторите на содржини, правни експерти и конкурентски компании.
All articles loaded
No more articles to load