Што е AI? 10 поими за почетници што го објаснуваат светот на вештачката интелигенција

Од чет-ботови што пишуваат текстови, до персонализирани препораки и гласовни асистенти. AI сè повеќе го обликува нашето дигитално опкружување. Ви ги донесуваме десетте поими што ќе ви помогнат подобро да ја разберете технологијата што го менува светот.

ai-3733-fi

Извор: freepik

Разбирањето на основните поими поврзани со вештачка интелигенција повеќе не е резервирано само за програмери или инженери. Во дигиталната ера, секој од нас има можност  и потреба да ја разбере технологијата што сè побрзо го менува начинот на кој работиме, учиме, комуницираме и носиме одлуки.

1.Вештачка интелигенција (AI)

AI претставува способност на машинските системи да ја имитираат човечката интелигенција, вклучително и учење, решавање проблеми, логичко заклучување и комуникација на природен јазик.

2. ChatGPT

Еден од најпознатите AI алатки денес, развиен од компанијата OpenAI. ChatGPT користи големи јазични модели за да генерира текст, одговара на прашања, пишува есеи, па дури и програмира.

3. Чет-бот

Дигитален асистент што користи вештачка интелигенција за комуникација со корисниците. Чет-ботите се користат во корисничка поддршка, е-трговија, образование и многу други области. Модерни примери се Gemini (Google), ChatGPT (OpenAI) и DeepSeek.

4. Промпт инженеринг

Вештина на формулирање прецизни барања или команди што се испраќаат до AI системите за да се добијат што порелевантни и поточни одговори. Квалитетот на резултатите често зависи од квалитетот на поставениот „промпт“.

5. LLM (Large Language Model)

Големите јазични модели се тренирани врз милијарди реченици од интернет, книги и статии. Тие му овозможуваат на AI системот да го разбере и генерира човечкиот јазик. Примери се GPT-4, Gemini, Claude и други.

6. Генеративна вештачка интелигенција

Оваа технологија им овозможува на машините да создаваат нова содржина, без разлика дали се работи за текстови, слики, видеа, музика или дури и код. Најпознати примери се ChatGPT и DALL·E.

7. AI халуцинации

Појава кога AI системот дава измислени информации што звучат уверливо, но не се точни. Халуцинациите се сериозен предизвик за примена на AI во новинарството, науката и образованието.

8. Aвтоматизација преку AI

AI се користи за автоматизација на различни работни процеси од корисничка поддршка и анализа на податоци, до креирање содржина и водење продажни активности. Со тоа се заштедува време, се намалуваат трошоци и се забрзуваат работните текови.

9. Длабоко учење (Deep learning)

Напредна гранка на машинското учење што користи слоевити невронски мрежи за обработка на комплексни податоци,клучна за препознавање на глас, слика и јазик.

10. Етика и доверба во AI

Како што AI системите стануваат сè помоќни, расте и потребата од етички рамки. Клучни прашања се заштитата на приватноста, транспарентноста, одговорноста за грешки и потенцијалната злоупотреба на моќните технологии. Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.