анксиозност

Повеќе

Речиси четири децении Nike му викаше на светот: „Just Do It“. Денес брендот повторно го воведува својот легендарен слоган, но го претвора во прашање: „Why Do It?“ („Зошто да го направиш тоа?“).
Дури и ако во моментот немате сериозни финансиски проблеми, можеби сепак лежите будни ноќе размислувајќи за пари. Тоа е разликата помеѓу финансиски стрес и финансиска анксиозност, објаснува терапевтката Меган Мекој, професорка на Универзитетот „Канзас стејт“.
Младите жени сè почесто чувствуваат социјална анксиозност поради користењето на паметни телефони, покажува најновото истражување претставено на Конгресот на Европското психијатриско здружение во 2025 година. Студијата открила дека полот игра значајна улога во развојот на проблематична, психолошка зависност од паметни телефони, при што младите жени особено се склони кон страв од негативно мислење на интернет, како и продолжено користење на телефоните во текот на денот.
Елизабет Пински претходно гледала на климатските промени како на помала закана, чии ефекти би се почувствувале дури во далечната иднина. Но, насловите од извештајот на Обединетите нации од 2018 година ја натерале да обрне повеќе внимание. Во извештајот, научниците предупредуваат дека, доколку емисиите на стакленички гасови продолжат да се зголемуваат, зголеменото ниво на морето предизвикано од глобалното затоплување веројатно ќе поплави делови од светските брегови и ќе доведе до засилување на сушите и сиромаштијата во други делови од светот до 2040 година.
All articles loaded
No more articles to load