Финансискиот стрес е конкретен и има непосредни последици, на пример: „Ако не сработам уште една смена оваа недела, нема да можам да ја отплатам кредитната картичка.“
Од друга страна, финансиската анксиозност не е баш толку јасна, пишува CNBC Make It.
„Тоа е само чувство дека нешто не е во ред, дека не правите доволно, дека нема да имате доволно во иднина. Нема јасна причина, но чувството сепак ве јаде одвнатре“, вели Мекој.
„Магичното прашање“ што го менува погледот кон парите
За да им помогне на клиентите подобро да го разберат изворот на својата анксиозност, Мекој им поставува едно едноставно, но моќно прашање:
„Замислете дека утре се будите и вашата финансиска анксиозност магично исчезнала. Што би било поинаку во вашиот живот?“
Извор: Unsplash
Одговорот не треба да биде „имам милион денари на сметка“. Наместо тоа, запрашајте се: Што е сменето во моето секојдневие? Како знам дека се случила „магијата“?
Можеби би се чувствувале посмирено, посигурно, послободно…
Можеби и не се работи за парите…
Анксиозноста не е поврзана со парите
„Можеби всушност сте загрижени за работата, семејството или сопствената вредност а парите ви се само лесен начин да го изразите тоа“, вели Мекој.
Многумина се чувствуваат лошо затоа што не постигнале сѐ што сакале до одредена возраст, или затоа што се споредуваат со други, со пријатели, со луѓе на инстаграм… Тогаш финансиската анксиозност всушност произлегува од несигурност, а не од вистински проблем со парите.
Извор: Unsplash
Поставете си ги следниве прашања:
-Имам ли избор кога станува збор за моите пари?
-Се чувствувам ли мирно кога ќе ја видам состојбата на моите финансии?
-Трошам ли во согласност со моите вредности?
Ако одговорите се „да“ веројатно сте во подобра ситуација отколку што мислите. Ако не, време е за промена.
Мали чекори кон „чудесната“ верзија од себе
Замислете дека во таа „чудесна“ верзија од вас веќе не ве мачат трошоците за факултетот на вашето дете или дека одите на одмор без чувство на вина. Тоа не се случува преку ноќ но можете да отворите штедна сметка за одмор и редовно да уплаќате мал износ.
Целта е да препознаете како сакате да се чувствувате и секој ден да направите барем еден чекор што ве води поблиску до таа состојба.
„Ова прашање им помага на луѓето да планираат каков живот сакаат, не само финансиски, туку и емоционално. Дали сакаат да се чувствуваат послободно, порелаксирано, поприсутно? Кога ќе го разјасниме тоа, полесно е да препознаеме конкретен чекор што можеме да го направиме уште денес“, заклучува Мекој.
Извор: bizlife.rs