Како да ја заштитите вашата психа од дезинформации: важни совети за менталното здравје во ерата на социјалните медиуми

Во денешно време, социјалните медиуми се преплавени со видеа и совети за менталното здравје, од анксиозност и депресија, до стрес и ADHD. TikTok, Instagram, YouTube и други платформи се полни со кратки видеа кои тврдат дека знаат како да ја решат вашата психолошка дилема. Но, колку од нив се навистина точни? Често пати, информациите кои се споделуваат можат да бидат погрешни.

dezinformacii-3920-fi

Извор: Unsplashed

Дезинформации и заблуди

Според истражувањето на британскиот весник The Guardian, дури половина од видеата на TikTok кои користат хаштагот #mentalhealth содржат дезинформации. Експертите предупредуваат дека ова е голема закана за здравјето, бидејќи погрешни информации лесно можат да ја доведат во заблуда јавноста, а тоа пак може да направи одредени проблеми со менталното здравје да изгледаат помалку сериозни.

Погрешни термини и самодијагностика

Проблемот е што многу видеа погрешно ги користат термини како анксиозност и депресија, како да се исто, и на тој начин создаваат конфузија. Менталните нарушувања не се секогаш едноставни, тие се често спектар од различни симптоми, кои укажуваат на различни проблеми. Самодијагнозата е опасна, бидејќи без вистинска експертиза, лесно може да се изведат погрешни заклучоци.

Сомнителни третмани и додатоци

А што е со сите тие “чудесни” суплементи и третмани кои ги нудат на интернет? Од сомнителни додатоци до масла и ткн. лекови, овие совети не само што нема да ви помогнат, туку може да ги попречат вистинските медицински третмани. Луѓето сè повеќе се обрнуваат кон социјалните медиуми за поддршка во врска со менталното здравје, но истражувањата откриваат дека многу инфлуенсери шират дезинформации, вклучувајќи неправилно користење терапевтски јазик, „брзи решенија“ и лажни тврдења.

Па, зошто тогаш тие видеа се толку популарни? Едноставен одговор: социјалните медиуми се дизајнирани да ве задржат што подолго. Алгоритмите ги фаворизираат видеата кои предизвикуваат силни емоции, дури и ако не се точни, правејќи ги многу привлечни за гледање.

Како да се заштитите?

Но како да се заштитите? Прво што треба да проверите се креаторите на видеата што ги гледате. Дали се лиценцирани психолози или лекари? Бидете внимателни со едноставните совети и секогаш имајте на ум дека третманите за ментално здравје не се “one size fits all”. Важно е да се потврди секоја информација со доверлив извор.

Наместо да верувате на се што ќе прочитате и видите на интернет, консултирајте се со проверени извори и секогаш двојно проверувајте. На крајот, најважно е да се грижите за себе и вашето ментално здравје, за да можете да бидете најдобрата верзија на себе.

Извор: Webmind редакција

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.