Краток водич како да ги користите TikTok трендовите за да изградите комплетна ПР стратегија

TikTok несомнено е апликација која ни малку не е за потценување, уште повеќе што истата може да биде извор на инспирација за медиумите – прашањето е како да Вие или Вашиот клиент да добиете медиумско покритие благодарение на TikTok

tiktok-vodich-1877-fi

Извор: Freepik

Во 2020 година, додека сите бевме дома чекајќи го завршувањето на пандемијата, многу социјални медиумски ѕвезди станаа познати токму преку TikTok. Видеата стануваа вирални за само една минута, сигурно се сеќавате на феноменот на Doggface и подемот на Addison Rae. Дури и обични луѓе  со леснотија добиваа огромна видливост на оваа социјална мрежа.

И додека многу нешта се променија од тогаш, едно остана исто: TikTok и понатаму е апликација каде што започнуваат трендовите. Ова значи дека е релативно полесно да станете вирaлни ако се приклучите на тренд, но што е поважно, нуди златна можност за медиумско покритие. Да се биде прв кој ќе му обезбеди на уредникот интересна перспектива на тренди тема, може да биде неверојатно вредно.

Медиумите и TikTok

Не станува збор само за тоа, медиумите да ја раскажат приказната. Станува збор и за SEO. Ако корисникот бара нешто поврзано со TikTok тренд, ќе ја види статијата не само сега, туку и во години што следуваат, а со тоа вашето присуство останува и долго откако виралноста на видеото ќе помине.

Медиумите денес ја приоритетизираат содржината која носи приход, како што се содржини за купување, партнерства и подкасти со влијателни креатори на содржини. Подеднакво ја приоритетизираат свежата перспектива на трендовите, бидејќи навременото покривање е суштината на медиумите.

Што ова значи за брендовите? Ова значи дека победите на социјалните медиуми можат да се трансформираат во значително медиумско покритие — и не само на TikTok, туку на секој социјален медиум. Не ви се потребни милион прегледи за да направите влијание. Започнувањето или приклучувањето на тренди тема може да биде сосем доволно.

Ексклузивно покритие на тема

Со тоа што ќе им ja понудите на уредниците вашата свежа перспектива за некоја тренди тема на социјалните медиуми, им овозможувате вредна можност да се приклучат на популарна дискусија или, уште подобро, да добијат ексклузивно покритие. Овој пристап им нуди јасен поттик да ја претстават вашата компанија или клиент, на крајот создавајќи ситуација каде што и двете страни добиваат.

За да го направите тоа, следете ги овие чекори:

  1. Идентификувајте теми кои имаат голема популарност- Прегледајте ги вашите постови на социјалните медиуми кои добро се покажале. Побарајте теми кои резонираат со вашата публика, бидејќи тие веројатно ќе привлечат поголема публика.
  2. Поврзете се со тековните трендови: Поврзете ги овие популарни теми со тековните трендови преку создавање релевантни и ангажирачки видеа на социјалните медиуми.
  3. Создадете убедлив предлог: Развијте предлог кој ја продолжува дискусијата за трендовската тема. Истакнете како се поврзува со тековниот тренд или како одговара на популарно прашање.
  4. Искористете успешни постови: Користете го вашиот успешен пост на социјалните медиуми како основа за вашиот медиумски предлог. Ова служи како силна стартна точка за пошироките напори на раскажување приказни на брендот.

За да бидете сигурни дека медиумите ќе ве објават, треба да обезбедите приказна што луѓето сакаат да ја слушнат, а еден од најефективните начини да ја споделите таа приказна е да ја раскажете во простори каде што луѓето веќе се ангажирани. Додадете ја оваа стратегија во вашите предлози за односи со јавноста, верувајте, ќе направите разлика!

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.