За да им се помогне во надминувањето на овие предизвици, експертите од компанијата Kaspersky составија контролна листа која им овозможува на вработените да работат од далечина, во удобноста на својот дом, а истовремено да ја зачуваат безбедноста на податоците.
Од почетокот на пандемијата COVID-19, бројот на вработени кои работат од дома драстично се зголеми. Според статистиката на компанијата Buffer, голем дел од вработените (98%) го поддржува барем делумно работењето од дома, а ист таков процент би ја препорачале оваа пракса на другите. Иако работењето од дома често е попрактично од секојдневното патување до канцеларија, важно е да се биде претпазлив во однос на безбедносните мерки. Вработените кои работат од дома можат да осигураат дека сите нивни податоци остануваат безбедни следејќи ги следниве чекори:
Извор: Unsplash
Одвојување на уредите за работа од личните уреди
И покрај популарноста на пристапот „Донеси го својот уред“, мудро е да се одржува јасна разлика помеѓу уредите за работа и личните уреди. Препорачливо е работните задачи да се извршуваат исклучиво на службениот лаптоп, а активности како што се гледање филмови, преземање игри или проверка на лични е-маилови да се резервираат за личните уреди. Оваа практика го намалува ризикот од потенцијално протекување на податоци. За дополнителна заштита на личните уреди, користењето на доверливо безбедносно решение помага во спречување на преземање на малициозни програми и пристапување до злонамерни сајтови.
Користење на комуникациски алатки одобрени од компанијата
Водењето на деловни разговори преку приватни апликации за размена на пораки или лични е-маил налози може да создаде непотребни ризици. Иако многу од овие сервиси истакнуваат безбедносни мерки, корпоративните комуникациски алатки се дизајнирани со нагласени стандарди за приватност и усогласеност. Потпирањето исклучиво на платформи одобрени од компанијата осигурува дека чувствителните информации остануваат заштитени.
Користење само на софтвер одобрен од компанијата
Истите правила важат и за програмите – препорачливо е да се преземаат и користат исклучиво апликации обезбедени или одобрени од организацијата. Други софтвери можат да внесат ранливости кои би можеле да ја загрозат безбедноста. Доколку се потребни дополнителни алатки за работа, најдобро е да се побараат директно од организацијата.
Извор: Pexels
Поврзување на безбедни Wi-Fi мрежи
За оние кои работат од далечина, препорачливо е да се избегнува користењето на јавни Wi-Fi мрежи. Доколку е неопходно поврзување, проверката на легитимноста на мрежата со персоналот во кафулиња или на аеродроми може да го намали ризикот од поврзување со измамнички мрежи кои имаат за цел лични информации. Кога се користи личен уред, доверлив VPN може да ја подобри безбедноста со енкрипција на податоците и заштита на онлајн активностите од неовластен пристап.
Чување на лозинки
Лозинките се пристапна точка до чувствителни информации, па нивното чување во тајност е од клучно значење. Чувањето на лозинки на хартија, дури и на сигурни места дома, не е безбедна пракса. Корисно може да биде користење на методот на асоцијации за создавање лозинки кои се и запомнливи и сложени. На пример, фразата „Во 2015 година го прославив роденденот во Токио“ може да се претвори во лозинка „В20:15ПР@Т“.
„Иако работата од далечина може да ја направи нашата безбедност почувствителна, придржувањето кон неколку едноставни насоки може значително да го намали ризикот од компромитирање на податоците. На пример, одвојувањето на работните и личните уреди е клучно, бидејќи не само што ги штити чувствителните информации од можни протекувања, туку и го минимизира ризикот вработените ненамерно да предизвикаат такви нарушувања. Додека се препорачува потпирање на корпоративните безбедносни системи за работни задачи, безбедноста на личните уреди може да се подобри со ефикасни и доверливи решенија,“ коментира Драган Давидовиќ, генерален директор на компанијата Kaspersky за источна Европа.
Извор: Bizlife.rs