За оваа недела, подготвивме мало мени на „лековити“ рецепти. Од бистри еликсири до кремасти задоволства, еве како со мала помош на Maggi производите да ја претворите секоја вечера во мал ритуал на грижа за себе.
1. Златна класика: Пилешка чорба за имунитет
Постои причина зошто пилешката супа ја нарекуваат „бабин лек“. Таа е првата линија на одбрана кога се чувствуваме малаксано. Тајната на онаа богата, златна боја и вкус кој враќа во детството се крие во вистинската основа.
Состојки:
- 300гр пилешки стек (исецкан на коцки)
- 2 моркови (исечени на кругови)
- 1 помал корен од целер
- ¼ пашканат
- 1 кромид
- 1 компир
- 150гр павлака
- 2 коцки Maggi пилешки бујон
- 1 литар вода
Подготовка:
- Во тенџере ставете го пилешкото и зеленчукот, прелејте со вода и варете 30 тина минути додека не омекнат.
- Кога месото и компирот ќе бидат сварени, додадете ги Maggi пилешките коцки. Тие моментално ќе ги поврзат вкусовите и ќе ја дадат онаа препознатлива златна боја. Местото расцепкајте го, а зеленчукот испасирајте го. Варете уште 2-3 минути додека да згусне.
- Павлаката измешајте ја со неколку лажици од супата. Додадете ја во тенџерето.
- Послужете топло со малку свеж магдонос.
2. Телешка чорба: Енергија во чинија
За деновите кога ви треба вистинска сила и издржливост, ништо не може да ја замени телешката чорба. Таа е робусна, хранлива и ве држи сити долго време.
Состојки:
- 400гр телешко месо (исечено на коцки)
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 4 чешниња лук
- Малку целер и пашканат
- 2 компири (исечени на коцки)
- Малку масло
- 2 коцки Maggi говедски бујон
- 1 литар вода
- Неколку капки ворчестер сос
- Две лажици мелен црвен пипер
Подготовка:
- На малку масло пропржете ги ситно исецканиот кромид и месото додека не добијат боја.
- Налејте со вода и додадете го компирот и останатите зеленчуци.
- Додадете ги Maggi коцките. Ова е клучниот чекор – коцката ја истакнува онаа силна, месна нота и ја прави чорбата неодолива без да мора да се крчка со часови.
- Варете додека месото и зеленчукот целосно не омекнат.
- На крајот додадете неколку капки ворчестер, црвен пипер и испасирајте го зеленчукот. Месото можете да го расцепкате или да го оставите на коцки.
- Идеално оди со кришка домашен леб.
3. Лесна вегетаријанска супа
Понекогаш на телото му треба одмор од тешка храна. Вегетаријанската супа е како детокс за душата – лесна, полна со витамини и бои. Многумина мислат дека супата без месо е „празна“, но со вистинскиот зачин, таа станува специјалитет.
Состојки:
- Микс зеленчук по желба (брокула, карфиол, грашок, морков,целер, пашканат, црвен компир)
- 1 литар вода
- Малку путер
- 2 коцки Maggi зеленчуков бујон
Подготовка:
- Во зовриена вода ставете го омилениот зеленчук.
- Веднаш додадете ги Maggi зеленчуковите коцки. Тие даваат карактер и соленост која природно го надополнува зеленчукот, така што други зачини не ви се потребни.
- Варете кратко (за зеленчукот да остане крцкав) и на крајот прелејте со малку стопен путер за пополн вкус.
- Можете да ја изблендирате и да добиете крем супа. По желба послужете со топка павлака.
4. Шумска бајка: Крем супа од печурки
Има нешто неверојатно смирувачко во земјестите тонови на печурките. Оваа супа е елеганција во чинија, совршена за вечера кога сакате да се почувствувате малку пософистицирано, а немате многу време.
Состојки:
- 1 ќесичка Maggi крем супа од печурки
- 200гр свежи шампињони (опционално, за екстра уживање)
- Вода (според упатството)
Подготовка:
- Ако сакате „ресторанско“ доживување, прво на тава кратко пропржете ги свежите шампињони исечени на листови.
- Содржината на ќесичката Maggi крем супа од печурки разматете ја во вода и варете додека не зоврие со постојано мешање. Ќе добиете густа, богата текстура за само неколку минути.
- Во готовата крем супа додадете ги пропржените шампињони и послужете.
5. Црвено кадифе: Крем супа од домати
Таа е носталгична, таа е слатко-кисела и е апсолутен победник кога се комбинира со топол тост со кашкавал. Супата од домати е како лето среде зима. Заборавете на лупење и пасирање ова е кратенка до совршенството.
Состојки:
- 1 ќесичка Maggi крем супа од домати
- Неколку кришки леб
- Путер
- Лук
- Кашкавал или сирење по избор
- Малку свеж босилек
- Вода
Подготовка:
Сипете во чинии и украсете со ливче босилек. Следниот чекор го знаете. „мацнете го лепчето во супата!“ На здравје!
Содржината на ќесичката Maggi крем супа од домати истурете ја во ладна вода и мешајте додека не зоврие.
Варете на тивка вода неколку минути. Таа е мазна, кремаста и веќе совршено зачинета.
Кришките леб намачкајте ги со путер, додадете толчен лук и сирење по желба, печете во рерна на 200 степени додека сирењето не се стопи.