Сепак, домашниот оброк не мора да биде резервиран само за викенд. Добра вест? Постојат оброци кои се подготвуваат за само 15 минути, а ова се рецептите.
Оброци за 15 минути: Брзо и лесно до вкусно јадење
Овие оброци се осмислени за вашите најзафатени вечери: брзо се подготвуваат, бараат минимален број на садови и се потпираат на едноставни, достапни состојки. Во продолжение ви донесуваме десет рецепти кои докажуваат дека брзината и квалитетот можат да одат рака под рака.
1. Пилешко со црн грав и спанаќ од тава:
Ова е идеален рецепт за вечера од една тава – брз, заситен и полн со протеини. Комбинацијата на сочно пилешко, црн грав и свеж спанаќ дава баланс помеѓу топол, кремаст и лесно свеж вкус.
Ако имате остатоци од печено пилешко или купена rotisserie верзија, подготовката трае уште пократко. Сè се соединува во една тава, а на крајот можете да додадете авокадо, коријандер или салса за дополнителна свежина. Совршено за вечери кога сакате нешто конкретно, но без компликации.
2. Медитерански лосос од рерна:
Медитеранските вкусови никогаш не разочаруваат. Овој лосос комбинира зачинет наут, филети риба и лесен сос од лимон и јогурт, создавајќи оброк кој изгледа како да сте го нарачале во ресторан.
Подготовката е едноставна: зачинете го наутот, врз него ставете го лососот и печете околу десет минути, додека рибата не стане мека и лесно не се делии со вилушка. Резултатот е лесен, но богат оброк – идеален кога сакате нешто здраво.
3. Кремаста паста со лук:
Кога ви треба брза утеха во чинијата, кремастата паста со лук е вистинскиот избор. Додека тестенините се готват, вие го подготвувате сосот без комплицирани техники и долго стоење покрај шпоретот.
Додадете обилна количина сирење по желба и ќе добиете топол, кремаст оброк кој ја враќа енергијата. Ова е совршен пример дека comfort food не мора да бара часови подготовка.
4. Брза пица на леб:
Домашната пица звучи напорно, но со готов naan леб како подлога, сè станува едноставно. Нема чекање тестото да нарасне, нема комплицирано сукање само додавате омилен сос, сирење и прилози.
Се пече само 8 до 10 минути и добивате персонализирана пица која е готова побрзо отколку доставата. Идеално решение за импровизирана вечера или филмска вечер дома.
5. Супа со кнедли:
Постојат вечери кога ви е потребна само топла чинија супа. Овој рецепт комбинира замрзнати кнедли и ароматичен домашен бујон, создавајќи оброк кој ги грее и телото и расположението.
Додадете сусам, малку чили масло или млад кромид за дополнителна арома и текстура. Супата е готова за неколку минути, а вкусот е длабок и богат.
6. Суши чинија со лосос и сусам:
Ако сакате суши, но немате трпение за мотање ролнички, оваа чинија е вистинското решение. Парчињата лосос кратко се пропржуваат во сос од сусам и соја, а потоа се комбинираат со ориз и свежи додатоци.
Авокадо, мариниран зеленчук и алги даваат автентичен вкус, но без комплицирана подготовка. Овој оброк е одличен и за следниот ден, бидејќи лесно се пакува и чува.
7. Равиоли со песто од пет состојки:
Едноставно, брзо и инспирирано од Италија. Купечки равиоли, тегла песто и малку чери домати се доволни за 15 минути да добиете полн, ароматичен оброк.
Сè се сведува на варење на тестенините и лесно мешање на состојките. Идеално кога сакате нешто елегантно, а немате време за долга подготовка.
8. Пилешко во сос од лимон и путер:
Овој рецепт од една тава носи совршена рамнотежа помеѓу киселкастиот лимон и богатиот путер. Пилешкото се карамелизира во ароматичен сос, создавајќи јадење кое изгледа софистицирано, а се подготвува исклучително брзо.
Одлично се согласува со ориз или варен зеленчук, а минималниот број валкани садови го прави уште попривлечен за работните денови.
9. Лута паста:
Класичните инстант тестенини добиваат целосно нова димензија со додаток на свеж ѓумбир, лук, мисо паста и чили сос. Со неколку едноставни додатоци, добивате оброк кој потсетува на ресторански специјалитет.
Додадете протеин по избор и малку сусамово масло за пополн вкус. Ова е совршен пример како едноставните намирници можат да станат импресивна вечера.
10. Резанци од тиквички со шкампи и лук:
Ако сакате полесна алтернатива на класичната паста, резанците од тиквички се одличен избор. Во комбинација со шкампи и ароматичен лук, добивате брз, но елегантен оброк.
Тиквичките кратко се динстаат заедно со шкампите, зачувувајќи ги свежината и текстурата. Резултатот е лесно јадење кое е готово пред да сфатите дека сте почнале да готвите.
Извор: wannabemagazine.rs