Генерација Z (родени меѓу 1997 и 2012 година) очигледно размислува поинаку за границите помеѓу работата и личното задоволство. Речиси третина од испитаниците (29%) веруваат дека враќањето во канцеларија може позитивно да влијае врз нивниот сексуален живот, бидејќи физичката одвоеност од партнерот ја засилува желбата и поврзаноста, пренесува Index.
Секс како дел од работната рутина?
Но, некои не сакаат да чекаат да заврши смената. Сексот во канцеларија, па дури и во конференциска сала, повеќе не е табу тема за многу припадници на генерацијата Z. За нив, тоа е начин да се разбие рутината и да се внесе возбуда во секојдневието.
Интересно е што и оние кои работат од дома имаат свој став дури 47% од испитаниците што работат на далечина изјавиле дека сега полесно наоѓаат време за интимност и дека сексуалниот живот им станал приоритет откако работат „remote“.
Извор: freepik
Дали доаѓа времето на „сексуални денови“?
Најпровокативниот дел од истражувањето доаѓа со прашањето: Дали треба да се воведат „сексуални денови“ за вработените? Резултатите покажуваат дека претставници од сите генерации од Gen Z до бејби-бумерите, ја поддржуваат оваа идеја. Без разлика дали би биле платени или не, деновите посветени на интимност, грижа за себе и лични потреби добиваат сè поголема поддршка.
Според истражувањето на ZipHealth, половина од оние кои веќе користеле ваков ден, почувствувале зголемена продуктивност, што отвора сериозна дебата дали сексуалната благосостојба може да стане нов бенефит на работното место?
Дури 60% од вработените веруваат дека поголеми инвестиции во сексуалното здравје би можеле да доведат до намален burnout и отсуства од работа. Па ако веќе мора да се вратат во канцеларија – Gen Z сака тоа да биде барем со доза забава.
Извор – bizlife.rs