GenZ

Повеќе

Додека во текот на пандемијата изгледаше дека стриминг сервисите засекогаш ќе го променат начинот на кој гледаме филмови, најновите податоци покажуваат дека кината сепак имаат причина за оптимизам. А главната причина за тоа се вика генерација Z.
Кога растеме во средина која се устручува да разговара на одредена тема, тешко е да изградиме здрав однос кон неа. Во многу култури, разговорот за пари се смета за непристоен, а училиштата не нè едуцираат како правилно да управуваме со финансиите.
Во 2025 година, TikTok го претвори „No Buy Year“ од еден спорадичен предизвик во тренд кој го менува однесувањето на купување кај Генерацијата Z.
Претставниците на Генерација Z сè почесто ги заобиколуваат одредени почетни работни позиции, незадоволни од ниските плати и фиксното работно време – нешто што порано се сметаше за нормално. Според деловната експертка Ебигејл Рајт, оваа генерација – млади на возраст меѓу 13 и 28 години има целосно поинаков поглед на кариерата и работните услови во споредба со претходните генерации.
Генерација Z, популарно наречена „зумери“, повторно успеа да ги збуни постарите генерации. По забелешките за недостиг на манири на маса и избегнување на поздравување со клиенти, на сцена стапува уште една навика која делува целосно нелогично – тишина при јавување на телефон.
Ако постарите работници и раководители имале чувство дека припадниците на генерацијата Z ги гледаат со мешавина од презир, инает и незаинтересираност не се излажале. Тој израз на лицето дури доби и официјално име: „Gen Z поглед“, визуелен еквивалент на превртување со очите.
All articles loaded
No more articles to load