Теоријата на црвениот автомобил и работата: Зошто сè што го фокусираме  нè следи?

Дали некогаш сте размислувале да купите црвен автомобил или ви привлекол внимание улица, а потоа одеднаш почнувате насекаде да гледате црвени автомобили? Не, универзумот не се шегува со вас. Тоа е вашиот мозок на дело – благодарение на еден мал психолошки феномен познат како Теорија на црвениот автомобил.

avtomobil-3797-fi

Извор: freepik

Оваа едноставна идеја , дека почнуваме да забележуваме повеќе од она на што сме фокусирани не се однесува само на автомобили. Таа тивко го обликува начинот на кој функционираме на работа, односите што ги градиме со колегите, па дури и тоа колку се чувствуваме успешни или под стрес на работното место.

Ајде да ја разложиме оваа секојдневна теорија и да видиме зошто е поважна од кога било во денешното деловно опкружување.

Што е „Теоријата на црвениот автомобил“?

Оваа теорија сугерира дека кога нешто ќе ви стане важно, вашиот мозок почнува да го филтрира и истакнува сличното во вашето опкружување.

Замислете го вашиот мозок како огромно поштенско сандаче кое секојдневно прима илјадници пораки, е-пошта, звуци, известувања, коментари од состаноци… Тоа е премногу за да се обработи сè. Затоа мозокот користи филтри за да го истакне она што го смета за важно. Па, кога ќе се фокусирате на нешто конкретно , без разлика дали е тоа црвен автомобил, рокови или нечиј тон, почнувате да го гледате насекаде.

А тие филтри не влијаат само на надворешниот свет. Тие влијаат и на емоциите, претпоставките и реакциите.

Како се применува ова на работа?

Деловните средини се брзи, динамични и полни со интеракции отворени за различни толкувања. Затоа се идеални за оваа теорија  таа ги обликува нашите доживувања, на добро или на лошо.

Тоа на кое се  фокусираш, станува твоја реалност

Ако денот го започнеш со уверување дека сè ќе тргне наопаку  погоди што? Ќе го забележиш секое доцнење, секоја грешка, секој негативен коментар. Ќе најдеш „докази“ дека си бил во право.

Но, ако фокусот го насочиш кон нешто позитивно  како да научиш нешто ново или да се поврзеш со колега денот ќе изгледа поинаку.

Пример: Ако одиш на состанок со непријатен клиент со очекување на критики, можеш лесно да го пропуштиш моментот кога го пофалува твоето работење, бидејќи твојот мозок бара критика, не признание.

Ова влијае на тимската динамика и културата

Културата на тимот се гради врз заеднички ставови и перцепции. Ако некој почне да се фокусира на негативните работи, кратки рокови, неангажирани менаџери, нејасни цели, таа негативност се шири.

Од друга страна, кога тимот се фокусира на она што функционира, дури и малите победи се слават. Тоа го гради моралот и создава инерција.

Совет: Започнете ги состаноците со т.н. „круг на победи“, каде секој споделува нешто позитивно од претходната недела. Тонoт на целиот состанок ќе се промени.

Перцепцијата за колегите може да се промени

Ако мислиш дека колешката те поткопува, дури и нејзино неутрално прашање или коментар може да го доживееш како напад. Тоа е Теоријата на црвениот автомобил на дело.

Но ако се обидеш да ги разбереш нејзините мотиви или ги забележиш моментите кога ти дава поддршка, тој мал поместен фокус може да доведе до подобра комуникација и помалку тензија.

Искрено: Поентата не е да игнорираш лошо однесување. Поентата е да не дозволиш претпоставките да ја диктираат твојата перцепција.

Повратните информации и оценките за учинок исто така минуваат низ филтри

Мозокот одлично ги „фаќа“ негативни зборови, додека позитивните ги потценува – особено кога добиваме повратна информација. Ако одиш на евалуација очекувајќи критика, ќе се закачиш за секоја забелешка, иако 80% од разговорот било пофалба.

Но, ако пристапиш со став дека сакаш да учиш и да напредуваш, дури и конструктивната критика ќе ти изгледа како корисен совет, а не како напад.

Трик: Откако ќе добиеш повратна информација, запиши три позитивни работи што си ги чул пред да размислиш што можеш да подобриш.

Стресот и прегорувањето се засилуваат со фокусот

Прегорувањето не е секогаш резултат на преголем обем на работа. Често е последица на тоа каде ни оди менталниот фокус секој ден. Ако постојано мислиш „Ова е премногу. Не можам повеќе“, ќе почнеш да го забележуваш само она што е тешко  и чувството на исцрпеност ќе се зголеми.

Но ако вниманието го насочиш кон напредок  па макар тоа бил само исчистен инбокс или завршена задача , можеш да создадеш чувство на контрола и движење напред.

Теоријата на црвениот автомобил е едноставна, но моќна алатка. Она на што сме фокусирани расте. Во брзи, динамични и често предизвикувачки работни средини, малите промени во фокусот можат да направат огромна разлика во начинот на кој размислуваме, комуницираме и напредуваме.

Извор – bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.