Lifestyle

Дизајнерска чанта, скап часовник или егзотично патување долго време беа првите асоцијации за луксуз. Денес, таа претстава полека се менува. Наместо едно големо купување, сè почесто избираме мали задоволства што можеме да си
Кога ќе помислиме на детството, обично прво ни паѓаат на ум некои големи настани – летувања, родендени, празници, патувања или подароци што долго сме ги посакувале Но спомените што остануваат со нас често се создаваат во многу пообични…
„Имам животно осигурување“ не кажува многу Тоа е како некој да каже дека има автомобил без да знаеме дали станува збор за градско возило, семеен автомобил или теренец Сите служат за превоз, но не за исти…

Повеќе

Разводот долго време се поврзуваше со неуспех, тага и тежок нов почеток, но на социјалните мрежи сè почесто се појавува сосема поинаков пристап. Бројни жени по разводот отворено ја слават новостекнатата „слобода“, посветуваат повеќе време на себе, патуваат, излегуваат, пробуваат нови работи и периодот по завршувањето на бракот го претставуваат како почеток на возбудливо ново поглавје во животот.
Дали често се будите уморни и без енергија? Она што ќе го испиете веднаш по будењето може да има поголемо влијание врз организмот отколку што мислите. Освен што помагаат во хидратацијата и освежувањето, одредени утрински напитоци богати со витамини, антиоксиданси и други хранливи материи можат да придонесат за поздрав изглед на кожата, нејзиниот природен сјај и подобра хидратација.
Генерацијата Z пронајде нов начин да избега од совршените фотографии направени со паметни телефони враќајќи еден заборавен уред од раните 2000-ти. Малите дигитални фотоапарати, кои некогаш беа неизоставен дел од секојдневието, повторно станаа посакувани, но не поради напредната технологија, туку токму поради своите ограничувања.
Некогаш одењето во ресторан, кино или на изложба без друштво се сметаше за необично. Денес ситуацијата е целосно поинаква. Сè повеќе жени свесно избираат да поминуваат дел од времето сами не затоа што немаат со кого, туку затоа што сакаат да уживаат во сопственото друштво.
Се сеќавате ли на летните распусти од детството, кога деновите изгледаа бескрајно, а секоја ситница носеше нова авантура? Во возрасниот живот имаме многу поголеми очекувања, но тие често ја промашуваат суштината. Бараме незаборавни искуства на луксузни и егзотични дестинации за да се почувствуваме поживо и поприсутно.
Во некои супермаркети во Финска, купувачите можат да земат розова кошничка која, покрај тоа што служи за пазарење, има и сосема поинаква намена – им сигнализира на другите купувачи дека личноста е слободна и отворена за запознавање. Овој необичен концепт стана вирален благодарение на видео што на Instagram го објави креаторката на содржини Кашиви.