Но, токму кога човек ќе се навикне на тоа темпо, слободните денови завршуваат и следува враќање во секојдневието често побрзо отколку што би сакале. Сепак, тој премин не мора да биде нагол.
Најголемите стапици
Всушност, начинот на кој се враќаме на работа често одредува каков ќе ни биде остатокот од неделата, па и целиот месец.
Најголемата стапица на првиот работен ден е желбата веднаш да надоместиме сè што сме пропуштиле. Инбоксот полн со непрочитани пораки и чувството дека сме „испаднале од ритам“ лесно не вовлекуваат во претерување, но токму тогаш е поважно да застанеме за момент и да согледаме што е навистина важно. Не е секој мејл итен, ниту секоја задача бара реакција истиот ден. Краткиот предив за планирање може да заштеди часови хаотична работа.
Ресетирање на фокусот
Празниците, колку и да се кратки, имаат уште една важна улога – тие го ресетираат фокусот. По паузата, полесно забележуваме што ни е навистина приоритет, а што сме работеле по инерција. Тоа е добра можност да не се вратиме целосно на истите навики, туку нешто и да промениме, макар минимално. За некои тоа значи дека појасно ќе ги постават границите во комуникацијата, за други дека конечно ќе воведат кратки паузи или поинаку ќе ги распоредат обврските во текот на денот.
Важно е и на себе да си дадеме малку простор за да го „фатиме ритамот“. Никој не се враќа од одмор во полна брзина, и тоа е сосема во ред. Наместо првиот ден да биде пренатрупан со состаноци и рокови, често е попродуктивно да се искористи за организација, преглед на обврските и поставување реални очекувања.
На крајот, можеби е најкорисно празниците да не ги набљудуваме како прекин на работата, туку како нејзин составен дел. Тоа мало дистанцирање често е токму она што ни е потребно за да се вратиме пособрани и со повеќе енергија. А ако во тој процес се задржиме барем малку подолго во тој помирен ритам можеби од празниците сепак сме понеле нешто повеќе од убави спомени.
Извор: bizlife.rs