Адора Бизнис Групација: Поддршката на спортот е вложување во иднината

Јубилејното 50-то издание на интернационалниот турнир „Македонски бисер“ уште еднаш ја потврди силата на спортската традиција, посветеноста на младите борачи и значењето на поддршката од општествено одговорните компании.

adora-5957-fi

Извор: БК Бучим Радовиш

Како партнер на настанот, Адора Бизнис Групација ја истакнува важноста на вложувањето во спортот, младите таленти и иницијативите кои ја промовираат Македонија на меѓународен план.

1. Годинава интернационалниот турнир „Македонски бисер“ одбележа 50 години јубилеј. Какво значење има за Адора Бизнис Групација поддршката на настан кој претставува дел од македонската спортска историја и традиција?

За Адора Бизнис Групација претставува чест да биде дел од јубилејното 50-то издание на турнирот „Македонски бисер“, настан кој е многу повеќе од спортски натпревар. Тој е симбол на традицијата, истрајноста и спортскиот дух што со децении се негува во Македонија. Поддршката на вакви настани е дел од нашата определба да придонесуваме кон зачувување и унапредување на вредностите кои обединуваат генерации и ја афирмираат нашата држава на меѓународен план.

adora-5957-ps1

2. Во текот на турнирот видовме голем број млади борачи и спортски надежи. Колку е важно компаниите да инвестираат во младите таленти и во спортот како двигател на позитивни општествени вредности?

Инвестирањето во младите е инвестирање во иднината на државата. Спортот ги учи младите на дисциплина, посветеност, тимска работа и почитување на противникот, вредности кои се подеднакво важни и надвор од спортските терени. Затоа сметаме дека компаниите имаат општествена одговорност да ги поддржуваат младите таленти и да создаваат услови тие да ги развиваат своите потенцијали и да станат успешни луѓе и амбасадори на Македонија.

3. Радовиш со децении е препознатлив по борењето и по шампионите кои произлегле од БК Бучим Радовиш. Како ја оценувате улогата на ваквите спортски настани во развојот и афирмацијата на локалната заедница?

Радовиш е еден од најпрепознатливите спортски центри во Македонија кога станува збор за борењето и со право го носи тој епитет. Ваквите настани имаат огромно значење бидејќи не само што ги промовираат спортот и младите спортисти, туку придонесуваат и за афирмација на градот, привлекување посетители и јакнење на локалниот идентитет. Успесите на генерации борачи се гордост не само за Радовиш, туку и за целата држава.

adora-5957-ps2

4. По успешното јубилејно издание, дали Адора Бизнис Групација ќе продолжи да поддржува иницијативи кои придонесуваат за развој на спортот, младите и промоцијата на Македонија?

Поддршката на спортот, младите, образованието, културата и општествено одговорните проекти е дел од вредностите што Адора Бизнис Групација ги негува повеќе од две децении. Ќе продолжиме да поддржуваме иницијативи кои создаваат можности за младите генерации, придонесуваат за развој на заедниците и ја промовираат Македонија како земја на талентирани луѓе, спортски успеси и позитивни вредности.

„Македонски бисер“ е одличен пример како традицијата, талентот и посветената работа можат да создадат настан со меѓународен углед, а токму таквите вредности заслужуваат континуирана поддршка.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.