Startup Weekend Ohrid 2025 ја гради иднината на претприемништвото

Таму каде што езерото носи мир, се раѓаат немирни идеи. Startup Weekend Ohrid ја слави третата година, полн со нови стартап приказни, свежи предизвици и млади визионери подготвени да го променат светот. Со Христијан Волкановски зборуваме за инспирацијата, промените и за магијата што ја движи оваа стартап револуција на бреговите на Охрид. Од новите трендови до невидливите битки зад сцената, ви откриваме како изгледа кога еден град станува стартап лабораторија под отворено небо.

startup-3399-fi

Извор: privatna arhiva

Ова е веќе трета година на Startup Weekend во Охрид. Како изгледа да се организира нешто што веќе има „legacy“? Што носите како искуство од првото и второто издание, а што променивте годинава?

Искуствата од минатите години доведоа до тоа да го подобриме квалитетот на организирање и подготовката на учесниците и менторите за самиот настан. Искуствата ни покажаа дека во Македонија има сè поголема желба за претприемништво и креирање на стартапи, а тоа го потврдуваме со искористување на максималниот капацитет на учесници оваа година.

Како се менува профилот на учесниците и идеите од година во година? Дали веќе може да се препознаат нови трендови или доминантни теми меѓу пријавените тимови?

Секоја година е посебна и приказна за себе, нормално е да се менуваат идеите и тоа нè радува. Се размислува на многу сегменти и проблеми кои можат да се опфатат при креирање на стартап идеја. Трендовите и темите се следат врз основа на глобалната популација на истите. AI и Smart Living се едни од најактуелните теми оваа година.

Колку е тешко (или инспиративно) да се организира стартап настан покрај езеро? Кои се оние моменти „зад сцената“ што никогаш не ги гледаме, а всушност ја прават магијата?

Целата магија се базира на тимот коишто работи и има желба да создава нешто ново, некоја нова приказна што ќе остави позитивен белег на градот и на целата наша држава. Со оглед на тоа што настанот трае три дена и учествуваат над 120 учесници од 4 држави со најразлични улоги, делот за желба и инспирација да се создаде нешто секогаш е на највисоко ниво.

Минатогодишните тимови веќе имаат една година предност. Дали некој од нив ве изненади со напредок, успех или pivot што не сте го очекувале?

Првичната цел на овој настан е да се создаде една голема слика во главата на учесниците и да се научат основните методи како треба да изгледа еден стартап. Со оглед на тоа дека на многу од минатогодишните учесници им беше прво искуство со креирање на стартап идеја, нè радува тоа што сè уште се обидуваат да го развијат својот бизнис и се активни во стартап екосистемот, којашто е првичната цел на Startup Weekend Ohrid.

Менторството е срцето на вакви настани. Како ја бирате менторската екипа и каков фидбек добивате од нив по завршување на викендот?

Менторсакта екипа се избира врз основа на тоа што цела година сме активни и придонесуваме кон градење на стартап екосистемот со најразновидна поддршка на веќе добро стабилизирани стартапи. Исто така партнерските организации и корпорации коишто ни се поддршка изминатиот период придонесуваат со своите искуства за да се организира еден ваков настан. Секогаш фидбекот е позитивен затоа што сите се среќни и задоволни кога има нови лица што добиваат љубов да креираат нешто иновативно.

Од организациски аспект – што е најголем предизвик, а што најголемо задоволство при подготвување на ваков настан?

Најголемиот предизвик е секогаш финансискиот дел да се обезбедат доволно ресурси за да биде настанот успешен и да се подобрува од година во година. Најголемото задоволство е кога ќе успеете над 40 партнерски организации да ги поврзеш и запознаеш меѓусебно, коишто во иднина ќе може да соработуваат и да дознаат повеќе за претприемништвото во глобала.

Што сакате да биде следниот чекор за Startup Weekend Ohrid? Поголем обем, повеќе градови, регионална соработка? И конечно – што би им порачале на младите кои размислуваат дали да се пријават следната година?

Како настан коишто е под капата на Techstars, немаме можност за поголем обем или да го организираме во повеќе градови како регионална соработка. Секој град може да добие свој Startup Weekend и тоа би бил еден од чекорите кои би сакале да го видиме. На младите би им препорачале што порано да се обидат и да учествуваат. Така на време ќе дознаат за убавините на ваквиот тип на работа и слатките предизвиците што следат со истиот.

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.