Игри со кодирање за подобрување на вашите програмерски вештини

Ако сакате да ги направите вашите сесии за учење полесни и позабавни можеби ќе сакате да размислите за учење преку игри за кодирање.

igri-so-kodiranje-1480-fi

Извор: Freepik / vecstock

Учењето на програмски јазик може да биде застрашувачко. Многу почетници може да се почувствуваат преоптоварени од строгите правила на јазикот, што може да доведе до губење на интерес или до многу побавен напредок отколку што очекувале.

Ако сакате да ги направите вашите сесии за учење полесни и позававни можеби ќе сакате да размислите за учење преку игри за кодирање.

CodinGame

Мисијата на заедницата на CodinGame е да им помогне на луѓето да ги стекнат потребните кодирачки вештини и да си го остварат сонот за програмерска работа дури и без диплома. Тие создадоа платформа каде што програмерите можат да ги подобрат своите вештини за кодирање на забавен и интерактивен начин, решавајќи разни предизвици. Колку повеќе играте, толку повеќе ќе бидете подготвени да се справите со секој проблем и да смислувате креативни идеи.

Со загатките, игрите и предизвиците на CodinGame, ќе научите како да размислувате како програмер и да пишувате почист код. Најважно е што овие вештини ќе ги стекнете преку игра, што ви овозможува да го истражувате програмскиот јазик што се обидувате да го научите и да го разберете на свој начин.

Дополнително, играчите можат да учат самостојно или да се натпреваруваат со други, и дури да играат на повеќе од 25 јазици, вклучувајќи JavaScript, Python и Java.

Справувањето со предизвиците на CodinGame може да биде забавен начин за релаксација по работа или за поттикнување на здрава конкуренција на работното место. А ако сè уште не сте нашле работа во програмирање, CodinGame ќе ви помогне да се подготвите за технички интервјуа, да откриете нови програмерски техники и да останете мотивирани.

CodeCombat

CodeCombat нуди еден од најзабавните начини да се вклучите во програмирањето. Луѓето зад проектот цврсто веруваат дека треба да напишете многу код и да стекнете практично искуство за да научите програмирање, а нивната мисија е да ви го овозможат токму тоа.

CodeCombat е заеднички проект со стотици експерти кои доброволно учествуваат и ја развиваат играта понатаму. Импресивно е што повеќе од 20 милиони луѓе ја играле играта CodeCombat за да научат програмирање и заедно напишале над една милијарда линии код.

CodeCombat прави прекрасна работа во подучувањето на ученици од сите возрасти како да кодираат преку интерактивно искуство со играње улоги. Откако ќе се впуштите во ова патување, ќе напредувате низ играта истражувајќи шуми, зандани и слични предели кои ќе го тестираат вашето знаење и ќе ви помогнат да ги подобрите вашите вештини. Сите задачи се создадени за постепено да ги зголемуваат вашите вештини и да ве забавуваат, дури и кога треба да решите навистина тешки задачи.

Robocode

Robocode е едноставна игра за програмирање која ќе ве научи како да создадете робот-тенк кој ќе го испратите во реална битка откако ќе го завршите предизвикот. За разлика од CodeCombat, на пример, оваа игра не ве води на возбудливо патување кое ќе ви овозможи да истражувате различни можности и да ве забавува со часови. Наместо тоа, ќе имате една мисија, и само една мисија – да изградите виртуелен тенк кој ќе ве однесе до победа.

Мотото на Robocode е „Изгради го најдоброто, уништи ги останатите!“ Јасно е, ќе мора да го искористите вашето знаење за да создадете робот и да го програмирате за да се соочи со противниците и, на крајот, да ја добиете битката. Ова е забавен начин да ги тестирате вашите вештини и да научите како да го подобрите вашиот код за да го направите вашиот тенк подготвен за битка. Можете да го изградите вашиот робот-тенк користејќи Java, Kotlin, или Scala, па ако барате начини да ги совладате овие програмски јазици, играта Robocode може да биде добро место за почеток.

Elevator Saga

Elevator Saga е одлична игра за кодирање за сите JavaScript ентузијасти. Единствената задача е да програмирате лифтови кои можат да се справат со различни товари на патници, и ако тоа го направите добро, ќе добиете можност да се обидете со покомплицирани предизвици.

Најдобриот дел е што не можете да продолжите понатаму додека не го направите правилно. Ова осигурува дека не прескокнувате важни лекции кои се критични за градење на вашето знаење за JavaScript. Исто така, ќе мора да ја тестирате вашата креативност и да ги активирате вашите мали сиви ќелии, што е совршена комбинација за одржување на искрата за учење.

Codewars

Codewars е онлајн платформа каде што можете да практикувате разни предизвици за кодирање наречени ‘kata’, создадени од членовите на заедницата. Ако одлучите да се приклучите, прво ќе мора да се докажете со завршување на предизвик на кој било јазик достапен на платформата. Откако ќе го завршите, можете да започнете со решавање на kata вежби и да се поврзувате со заедницата која ќе ви помогне да го совладате кодирањето и да стекнете ранг.

Она што е одлично кај Codewars е тоа што обезбедува искрени и конструктивни повратни информации. Исто така, можете да ги споредувате вашите решенија со работата на другите луѓе и да најдете поефикасни начини за завршување на специфични задачи.

Учењето од искусни програмери никогаш не било полесно, па ако веќе имате некои програмерски вештини што можете да ги тестирате, Codewars вреди да се провери. Ако сакате да и вратите на заедницата и да им помогнете да научат нешто ново, можете да креирате уникатни kata вежби кои се врзани за вашите вештини.

Предности на учење преку игри за кодирање

igri-so-kodiranje-1480-ps1

Извор: Freepik / dr.digitex

Играњето е клучно за развојот на секое дете, но е корисно и за возрасните. Може да ви помогне да се вљубите во процесот на учење и да ги зголемите вашите нивоа на продуктивност. Играњето игри може да биде забавен начин за иницирање на тие процеси, па затоа вреди да се проба спојувањето на кодирањето со оваа забавна активност.

Играњето игри со кодирање може да ви помогне во следново:

Концентрација: Сигурно сте забележале дека игрите ве држат ангажирани со часови, но не можете да го кажете истото за учењето нова вештина. Играњето игри за кодирање може да ја подобри вашата концентрација и да ги минимизира одвлекувањата на вниманието. Ако се нурнете во нова област за учење ќе ја зголемите вашата внимателност и играта ќе ве мотивира да практикувате нови вештини.

Креативност: Програмирањето бара многу креативност. Често треба да смислувате нови решенија или пристапи кои би ви помогнале да го завршите проектот, а најлесен начин да го направите тоа  е низ игра која дозволување нови идеи да се појават? Игрите за кодирање најверојатно ќе ја поттикнат вашата имагинација, дозволувајќи ви да решавате проблеми побрзо.

Релаксација: Притисокот за брзо совладување и усовршување на програмерските вештини може да влијае на вашето учење, поради што е критично да научите како да ја управувате оваа анксиозност која често се манифестира за време на сесиите за учење. Гамифицирањето на вашето патување во кодирањето ќе ги олесни стресот и притисокот и ќе ве направи поподложни за учење.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.