Интервју со Љупчо Георгиев, директор за Microsoft Македонија: „Луѓето се срцето на секоја трансформација“

Во свет што се менува со невидена брзина, технологијата стана двигател на сите индустрии, а вештачката интелигенција е срцето на таа трансформација, Microsoft стана една од највлијателните компании во историјата на ИТ секторот и оваа година го одбележува своето 50-годишно постоење.

microsoft-3493-fi

Извор: Приватна архива

Поводот беше идеален за да разговараме со Љупчо Георгиев директор за Microsoft Македонија и Account Executive за корпоративни клиенти за Словенија и Хрватска, за најновите трендови што го дефинираат работењето, и тоа од интеграцијата на Copilot во бизнис-процесите, па сè до прашањата за лиценцирање и безбедност на податоците. Во продолжение, ви пренесуваме едно согледување на актуелните случувања и на визијата што Microsoft ја гради на долгорочно ниво.

1. Како започна вашата приказна и што ве инспирираше да стигнете до денешната позиција во Microsoft? Која е вашата моментална позиција?

Мојата кариера започна со првото вработување во Хермес Плус, дистрибутер на Hewlett Packard, каде што научив колку се важни трпението, истрајноста и личниот развој. Потоа следеа нови предизвици – како директор во Cisco, работа во коучинг и едукација, а денес сум дел од Microsoft како Account Executive за корпоративни клиенти во Словенија и Хрватска. Патот не беше линеарен, но секој чекор беше резултат на посветеност, учење и отвореност кон нови можности. Понудата од Microsoft стигна неочекувано – што само го потврдува моето верување дека успехот доаѓа кога си подготвен за вистинскиот момент.

2. Какo изгледа да се работи за компанија како Microsoft, име што е синоним за глобален престиж?

Искрено, чувството е прекрасно, но само ако навистина уживаш во тоа што го работиш. Секоја голема компанија нуди многу привилегии и можности, но најважно е да ја пронајдеш својата лична мотивација и страст. Microsoft, како и другите водечки компании, не е само бренд, тоа е заедница на луѓе кои работат заедно, учат едни од други и ја издигнуваат технологијата и општеството напред. Во било која компанија да работите, треба да дадете сé од себе затоа што вие сте дел од тој синџир, а тоа значи само едно, дека треба постојано да учите, да се информирате, мотивирате, да ги знаете клиентите, продуктите, партнерите итн. Од тој аспект треба да знаеш дека во било која компанија да работиш, треба да ја чувствуваш како своја, и дека со сé што допринесуваш може да се рефлектира позитивно на твојот кариерен развој, како и да се воспостави еден баланс меѓу професионалниот и приватниот живот.

3. Како Microsoft ги следи современите трендови како што се флексибилност во работното време, работа од дома и новите генерациски потреби?

Microsoft е компанија која постојано се адаптира на промените. Како што вели еден познат принцип, не преживува најсилниот, туку оној што најбрзо се прилагодува. Работата од дома, флексибилноста во работните часови и поддршката за личен и професионален баланс се практики кои се длабоко интегрирани во корпоративната култура на Microsoft.

Иако голем дел од компаниите размислуваат за враќање кон традиционалното работење од канцеларија, Microsoft е повеќе фокусиран на резултатите и на тоа како луѓето се чувствуваат и функционираат најдобро. Одлуките за тоа каде и како ќе се работи се прават стратешки и внимателно, со почитување на глобалните трендови и потребите на вработените.

4. Кои беа Вашите најголеми предизвици и момент на пресвртница во Вашата професионална кариера. Некој момент што Ви бил отскочна даска за да стигнете до оваа позиција?

Пресвртницата за мене беше моментот кога започнав да пренесувам знаење преку коучинг и едукација. Тоа ми помогна подобро да ги разберам сопствените вештини, но и да растам лично – учејќи преку објаснување. Коучингот е моја алатка за самоспознавање, бидејќи не потсетува на вредноста на заборавените вештини како креативност и спонтаност. Иако не е директно поврзан со мојата позиција во Microsoft, коучингот е важен дел од мојот личен и професионален развој. Со секоја сесија растам и јас, благодарение и на интерните обуки што ги нуди компанијата. Кога имаш добра основа и постојано ја надоградуваш, стабилноста е неизбежна.

5. Ќе направиме една паралела на темелното градење и на постојано излегување на нови алатки, учење нови вештини и секако актуелната вештачка интелигенција. Кој е балансот според Вас и колку е тенка таа линија за да се оди во погрешна насока?

Балансот е во нас! Од нас зависи дали овие алатки ќе ги додадеме во тој темел за да се доизградеме како личности. Има супер алатки меѓу кои и AI, на која не и е идејата да го замени човекот, туку да му помогне да биде поефикасен, поуспешен и попродуктен. Во денешно време ние сме преоптоварени со секакви информации, а дали од истите само еден процент ни требаат. AI треба да помогне како тие информации да се синтетизираат. Ќе дојде време кога ќе изумрат порталите и се ќе биде транспарентно на социјалните мрежи, па потоа тие социјални мрежи ќе ги снема, потоа можеби нема да пишуваме долги мејлови и ќе користиме говорни пораки. Целта на вештачката интелигенција е да ни помогне да уживаме како во професионалниот така и во приватниот живот.

6. Microsoft последните години го промовира Copilot како клучен производ во светот на вештачката интелигенција. Каква е споредбата меѓу Copilot и други алатки како ChatGPT, што го прави различен од сите нив?

Microsoft Copilot е длабоко интегриран во Microsoft 365 екосистемот (Word, Excel, Outlook, Teams, PowerPoint) и користи Microsoft Graph за да работи со вашите документи, е-пошта, состаноци и разговори. Тоа го прави моќен асистент за продуктивност во работна средина

ChatGPT, развиен од OpenAI, е повеќенаменска алатка за разговор базирана на GPT-4o, погодна за креативно пишување, кодирање, одговарање на прашања и општа комуникација. Не е поврзана со вашите работни податоци освен ако не ги внесете рачно.

Copilot нуди Enterprise Data Protection, управување со пристап и lifecycle на агенти, и е во рамките на Microsoft 365 compliance boundary. Тоа значи дека вашите податоци не излегуваат надвор од организацијата

ChatGPT во својата основна верзија не чува податоци по сесијата и нема пристап до вашиот работен контекст, освен ако не користите специфични API или Enterprise верзии 4.

Copilot користи Copilot Engine кој ги разбира вашите работни навики, документи и комуникации преку Microsoft Graph. Тоа му овозможува да одговара на прашања како „Кога ми е следниот состанок со мојот менаџер?“ или „Сумирај ми ги последните е-пораки од клиентот“

ChatGPT е одличен за генерализирани задачи, но нема пристап до вашиот календар, документи или организациски податоци освен ако не ги внесете рачно 3.

Copilot Chat е бесплатна и безбедна алатка за разговор достапна преку Microsoft 365, со можност за додавање агенти кои автоматизираат деловни процеси (на пр. Project Manager, Helpdesk, HR Self-Service) 2 5.

ChatGPT нуди прилагодени GPTs и плагини, но не е директно поврзан со деловни процеси или апликации освен преку интеграции од трети страни.

7. Оваа година Microsoft слави 50 години од своето постоење. Вие како дел од истата, што мислите, која е тајната состојка за успехот на компанијата?

Без разлика на промените, во сржта секогаш се луѓето. Microsoft напредува преку визија, инвестиции и разбирање на човештвото – без разлика дали станува збор за нов Windows или нов лидерски пристап. Секоја ера, од Бил Гејтс до Сатја Надела, носи различен менаџмент и трансформации, но континуитетот го одржуваат посветените луѓе. Промената е единствената константа, а Microsoft постојано се адаптира – преку иновации, грижа за вработените, корисниците и општеството. Веројатно токму оваа способност за прилагодување ја прави компанијата успешна веќе децении.

8. Кој е Вашиот совет за младите кои сонуваат да бидат дел од една компанија од ваков ранг? Како еден млад човек од Македонија може да добие шанса за работа во Microsoft?

Сè почнува со визија и вера дека можеш да успееш. Ако учиш, работиш и се вложуваш, шансите доаѓаат. Во Microsoft има многу Македонци, дури и на високи позиции, што докажува дека ништо не е недостижно. Потребно е да знаеш што сакаш и да го следиш тој пат, иако ќе има предизвици. Храброста е во учењето. Образованието има клучна улога, но најважно е да имаш знаење и вредности – тоа секогаш се препознава. Доказ за тоа е примерот со едно момче кое веднаш по факултет доби работа во Microsoft во Канада. Компанијата има визија, но се потребни луѓе кои ќе ја реализираат.

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.