Трејлерот започнува со сцена во која Џејсон работи повремени работи пред да се впушти во возење низ Вајс Сити – град инспириран од Мајами, познат од играта GTA: Vice City од 2002 година. Според информациите што ги сподели Rockstar, Џејсон бил проблематичен тинејџер кој ѝ се приклучил на војската за да побегне од лошото друштво, но по враќањето дома повторно се заплеткал во криминални активности.
Лусија, пак, е прикажана како излегува од затвор, каде што ја одлежала казната поради „заштита на своето семејство“. Џејсон ја пречекува, а трејлерот потоа открива низа динамични сцени од грабежи на банки и брканици со скутери и луксузни јахти, до романтични моменти помеѓу двајцата протагонисти, објави BBC.
Новиот трејлер открива детали од минатото на ликовите, нивната врска и воведува во комплексна приказна исполнета со акција и интриги
Официјалниот опис на веб-страницата на Rockstar дополнително ја разјаснува приказната на играта, истакнувајќи дека Џејсон и Лусија сакаат да започнат нов живот заедно, но бргу се наоѓаат „во срцето на заговор“ откако едно наизглед едноставно ограбување тргнува наопаку.
Визуелно, трејлерот прикажува врвна графика и детална репрезентација на Вајс Сити, со разновидни амбиенти, од ноќни клубови и барови, до сиромашни населби и луксузни вили. Се очекува GTA 6 да ги подигне стандардите во однос на отворениот свет и интерактивните околини.
Иако фановите изразија разочарување поради одложувањето на излегувањето на играта, новиот трејлер успеа да го задржи вниманието на јавноста и дополнително да ги зголеми очекувањата. Rockstar Games ветува дека ова ќе биде најамбициозното издание во серијалот досега со приказна што маестрално ги спојува акцијата, драмата и криминалот, во препознатливиот стил на GTA.
Извор: web-mind.rs