Што е Boksy?
Се запознаваме со дигиталното царство на литературата со Boksy.mk, иновативна апликација која нуди динамична платформа за читање и слушање книги на македонски јазик. Откријте како оваа револуционерна апликација го преобликува начинот на кој се занимаваме со приказни, премостувајќи го јазот помеѓу традиционалните и дигиталните медиуми за да создаде извонредни книжевни искуства за читателите од сите возрасти
Здраво Бокси, вие сте првата апликација во Македонија за читање и слушање книги, наменета за сите возрасти. Која е вашата приказна и како всушност се раѓа идејата за Boksy?
Бокси е апликација која овозможува илјадници книги на македонски и англиски јазик за возрасни и деца. Пред Бокси во Македонија беа лансирани апликации за книги каде што корисниците во главно купуваа книга по книга. Ние нудиме пристап до сите можни наслови во склоп на месечната претплата од корисникот.
Извор: Boksy
Идејата за Бокси доаѓа од желбата да ги подобриме читачките навики и да донесеме решение на пазарот кое ќе овозможи квалитетно време поминато пред екраните.
Што е она кое ја прави Бокси толку успешна? Кои се нејзините уникатни карактеристики?
Бокси, покрај бројните наслови има модел на т.н. гејмификација. Како што корисниците читаат или слушаат книги, така добиваат поени кои подоцна може да ги употребат во Бокси шоп и да ги заменат поените за попуст или друг продукт. Во детскиот свет, може да си ги градат своите аватари, па дури и да заменат поени за Robux купон за една од најпопуларните платформи за игра, Roblox.
Колку беше тешко да се позиционирате на пазарот, но и да стекнете доверба кај читателите да излезат од конвенционалното читање на книги и да влезат кон бескрајните можности на дигиталниот свет?
Секој пазар си има своја тежина и побарува време да се изгради брендот и да се претстави продуктот. Ние тоа го правиме секојдневно и се трудиме многу да бидеме што порелевантни за корисниците, како и да им овозможиме пристап до многу нови наслови. Самото лансирање на Бокси доби многу позитивен одзив и тоа особено не радува. Исто така, редовните и лојални корисници ни споделуваат како ја користат апликацијата и што им недостасува за да биде уште подобра.
Како Бокси ја собира својата збирка книги, и во однос на јазичната разновидност, но и во изборот на содржина? Како воопшто функционира целиот процес?
Процесот функционира така што ние склучуваме договори со издавачите од каде што ги земаме книгите а за секое читање на тие наслови исплаќаме одреден износ според договореното. Колку повеќе книги добиваме од издавачите, толку поголема е понудата па така и ја креираме таа win-win ситуација за бизнисот.
Како Бокси влијае врз промовирање на писменоста, но и културата на читање кај корисниците , пред се кога станува збор за детската публика која се повеќе поминува време на дигиталните уреди?
Аудио книгите и собирањето поени се доста интересни за најмладите така што сметаме дека со оваа функционалност го подобруваме искуството во читање или слушање на една книга а со тоа директно влијаеме на потенцијално зголемување на вокабуларот кај дечињата. Тоа време кое инаку би го поминале некорисно пред екран, ние сакаме да го замениме со читање или слушање на добра книга на македонски јазик.
Бокси ни покажува дека времето поминато пред екран е добро поминато време. Како на вашата апликација гледаат психолозите за детски развој, но и родителите? Колку Boksy помага во дистанцирање на младите од социјалните медиуми?
Поминувањето време пред екраните денес станува доста голем проблем и од тоа не можеме лесно да се тргнеме. Секако, целото семејство има улога во тоа какви навики гради секојдневно. Како и да е, експертите најдобро го објаснуваат овој дел, јас ќе кажам само дека Бокси со своите наслови на македонски јазик станува џебна библиотека со аудио и е-книги кои се достапни секогаш и секаде. Така, децата имаат добра опција во текот на денот барем кога сакаат да поминат време со телефонот или таблетот во рака.
Дали имате соработка или поддршка од образовните центри, но и од училиштата низ Македонија се со цел поттикнување на културата на читање кај децата? Дали вашата платформа нуди лектири и други образовни алатки?
Имаме една иницијатива со приватно училиште во Македонија и ќе видиме како ќе се одвива. Целта е поголема достапност на материјали за учење, за што не можам премногу во овој момент да откривам. Во овој момент нудиме и лектири за децата, но не и учебници.
Како Бокси обезбедува пристапност за корисници со различни потреби, како што се оние со оштетен вид, слух или попреченост?
Во главно ги користиме функционалностите за accessibility на Apple, но во моментов исто така правиме истражување и развој на решение кое треба да донесе сосема ново искуство за оваа публика.
Каков е фидбекот кој го добивате од корисниците од лансирањето на Бокси, па се до сега и како тоа влијаеше на тековниот развој на апликацијата?
Лојалните и редовните корисници се оние кои не поддржуваат од првиот ден, додека новите корисници кои се сѐ побројни ни укажуваат дека продуктот го градиме во правилна насока и носиме вредност секојдневно за тие што сакаат да читаат и слушаат книги. Секогаш ги слушаме и прашуваме корисниците за тоа како им се допаѓа досегашното искуство и што е она што можеме да го подобриме за да останеме релевантни за нив и понатаму.
Дали има некои идни планови или проширувања за Бокси, било во однос на понудите на содржини или новите функции?
Боски ќе се развива и понатаму особено во делот на AI – функционалности и градење сервиси за издавачите. Исто така, Бокси ќе се шири во регионот, првично во Адриатик делот а понатаму и низ Европа.
Конечно, како сметате дека Бокси придонесува за поширокиот книжевен пејзаж во Македонија, и какво влијание се надевате дека ќе има врз читателите и литературните ентузијастите на книгата во земјата?
Бокси е уште еден канал на пласирање на книгите што ги имаме во Македонија. Покрај достапноста да се купи книга онлајн или во книжара, може да се пристапи и до илјадници наслови преку Бокси со месечна претплата од 399 денари. Се надеваме дека на читателите ќе им овозможиме уште многу нови наслови на македонски јазик, но она што сакаме да биде достапно за нив се аудио книги на македонски јазик. Има многу ентузијасти и професионалци во ова поле кои работат заедно со нас, па наскоро ќе видиме како ќе се одвива целиот процес.