Конгресот на САД го усвои нацрт-законот со кој може да се забрани TikTok

На платформата која ја користат околу 170 милиони Американци и се заканува апсолутна забрана, освен ако сопственикот на TikTok, ByteDance не ја продаде.

tiktok-zabrana-sad

Извор: Unsplash / Olivier Bergeron

Со 352 гласови за и 65 гласови против, на 13-ти март Претставничкиот дом на САД го усвои нацрт-закон со кој се бара од сопственикот на TikTok, ByteDance, да ја продаде платформата или да се соочи со целосна забрана во САД.

TikTok како економска сила во САД

Законот кој помина во Претставничкиот дом и се очекува да биде усвоен од Сенатот ќе удри по џебот на многу Американци кои и онака се соочуваат со сериозни проблеми поради инфлацијата и енормниот раст на животните трошоци.

Според извештајот на Oxford Economics, во 2023 година инвестициите на малите и средните претпријатија во платено рекламирање и маркетинг на TikTok доведоа до приход од 14,7 милијарди американски долари во 12 сектори во САД, придонесувајќи со 24,2 милијарди долари во БДП на САД и поддржувајќи 224.000 работни места, особено во Калифорнија, Тексас, Флорида, Њујорк и Илиноис.

Во 2023 година голем дел од нивниот успех и раст, малите и средни претпријатија му го припишуваат на TikTok, со 45% за директна заслуга за нивниот успех, а 49% велат дека имаат индиректна корист. Користењето на TikTok како платформа за рекламирање и маркетинг, исто така, придонесе за даноци од 5,3 милијарди долари за американската влада.  

Забраната на ТикТок на територијата на САД ќе значи сериозен удар врз приходите на над 170 милиони Американци кои ја користат платформата како извор на основен или дополнителен приход било преку сопствен бизнис или преку креаторскиот фонд на мрежата.

Зошто САД сакаат да го забранат TikTok?

Ширум светот расте загриженоста дека TikTok и нејзината матична компанија, ByteDance, може да ги стават чувствителните податоци на корисниците во рацете на кинеската влада.

Мајк Галагер, републиканец од Висконсин, изјави дека САД не можат „да ризикуваат да имаат доминантна платформа во Америка која е контролирана или е во сопственост на компанија која е поврзана со Кинеската комунистичка партија“. (Извор: BBC)

Тие, исто така, се загрижени дека Кина би можела да ги користи препораките за содржина на корисниците на TikTok за ширење на дезинформации.

Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден вети дека ќе го поддржи законот доколку помине во Конгресот, од друга страна, пак, се поизвесниот противкандидат на Бајден во  претстојните избори, Трамп кога беше претседател бараше забраната на апликацијата, но сега се предомисли. Во објавата на Truth Social, Трамп изрази противење на забраната, тврдејќи дека ако го нема TikTok, Facebook ќе има огромен бенефит од тоа, кој според него претставува суштински проблем за граѓаните на САД.

Противниците на забраната на TikTok ја изразија својата загриженост дека оваа забрана би му наштетила на правото на слободата на говорот и Првиот амандман.

„TikTok е место каде луѓето можат да се изразат на начин на кој им одговара“, изјави Бауман за USA TODAY. „Неговата забрана е напад врз луѓето кои ја претпочитаат слободата на говор која ја нуди оваа платформа“.

Како реагираа Кина и TikTok на оваа вест?

„Нацрт-законот усвоен од Претставничкиот дом на САД ги става САД на спротивната страна на принципот на фер конкуренција и меѓународните економски и трговски правила“, изјави Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Кина претходно имаше изјавено дека „цврсто ќе се спротивстави“ на секоја присилна продажба на TikTok.

Главниот изврешен директор на TikTok, Shou Zi Chew, објави видео на платформата демантирајќи го злонамерното користење на сензитивните информации на корисниците.

@tiktok

Response to TikTok Ban Bill

♬ original sound – TikTok – TikTok

Ни креаторите на содржина на TikTok не се среќни за оваа одлука

Голем број креатори на содржина на своите TikTok канали објавија лични и емотивни видеа за тоа колку нив им значи апликацијата со хаштагот #KeepTikTok.

„Старите белци бумери што ги нарекуваме Конгрес-луѓе се обидуваат да го забранат TikTok, а јас тоа нема да го поддржам“, објави Џована Гонзалез, креаторка на TikTok попозната како @TheFirstGenMentor.

Што ќе се случува понатаму со TikTok?

Следниот чекор во законодавниот процес е разгледување на нацрт-законот од страна на Сенатот, кој исто така би можел да внесе сопствени амандмани во текстот.

Претседателот Бајден изјави дека ќе го потпише законот доколку Конгресот го усвои. Но, дури и да го стори тоа, тоа нема да резултира со итна забрана. ByteDance ќе има рок од шест месеци за да најде некој да ја купи апликацијата. Во тој случај, забраната нема да стапи на сила.

Дигитален маркетер со правничка позадина. Со огромна љубов кон пишувањето и all things eco-friendly. #TheVoiceOfGenZ

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.