Што е етички комитет за вештачка интелигенција?

Во комплексноста на процесот на етичкото одлучување, вештачката интелигенција се појавува како ветувачка алатка. Но, не може да не се постави прашањето: Дали вештачката интелигенција може да помогне во донесување подобри етички одлуки?

ai etichki komitet

Извор: Freepik / orendesain

Етиката е дисциплина која се занимава со она што е морално добро и лошо и морално правилно и погрешно. Етичките вредности ја сочинуваат основата на општеството.

Етички комитет е независно тело составено од членови експерти и во научната и ненаучната област, чија должност е да обезбеди заштита на човековите права врз основа на шест основни принципи: автономија, правда, добродетелство, непристрасност, доверливост и искреност. Како такви, етичките комитети се користат во медицината, истражувањето, бизнисот, правото и многу други области.

Како работи етичкиот комитет за вештачка интелигенција?

Она што е заедничко за ВИ и етичките комитети е дека се потпираат на податоци. Клучното прашање што произлегува е дали вештачката интелигенција може да ги вчита, а потоа и значајно да ги анализира и имплементира видовите податоци што редовно ги разгледуваат етичките комитети.

Истражувачките протоколи, особено оние за клинички испитувања, често се обемни и сложени, опфаќајќи стотици или илјадници страници. И покрај придружните формулари кои имаат за цел да ги поедностават клучните етички принципи, процесот и понатаму одзема многу време. Вештачката интелигенција може побрзо, полесно и поконзистентно да се справи со бројни задачи кои традиционално ги преземаат комитетите за етика во истражувањето, но од друга страна не може да го замени човечкото расудување.

Одлуките на етичките комитети честопати се засновани на искуство од работа со пациенти, правни совети и општествени норми. Секако дека вградувањето на така добиените податоци во алгоритам за вештачка интелигенција претставува значителен предизвик. На крајот, одговорноста за донесување на конечната етичка одлука е на луѓето.

Етичкото делување е инхерентно човечка одлика

И покрај тоа што вештачката интелигенција може ефективно да ги анализира ситуациите и да препорача етички исправни начини на дејствување врз основа на исто или слично однесување во минатото, сепак, крајната одлука да се усвојат и постапат по овие препораки останува човечка одговорност.

Од клучно значење е да се направи разлика помеѓу вештачката интелигенција како алатка за анализа и човечкиот процес на донесување одлуки. Ризикот не e во самата вештачка интелигенција, туку во тоа како поединците избираат да ја вклучат во етичките процеси на донесување одлуки.

Извор: The Conversation

Дигитален маркетер со правничка позадина. Со огромна љубов кон пишувањето и all things eco-friendly. #TheVoiceOfGenZ

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.