Интервју со Филип Арсов, кo-основач на Synapse Aviation: „Генијалноста на софтверот лежи во решавањето на проблемите на вистински начин“  

Во раздвижениот свет на воздухопловството, каде што одлуките во дел од секундата носат огромна тежина, темелната подготовка е најважна. Со Airport Briefing, се редефинира традиционалната пракса на читање долги текстови, заменувајќи ја со револуционерна 3D технологија која помага за подобрување на когнитивните способноста на пилотот.

filip-arsov-1251-fi

Извор: Филип Арсов

Замислете виртуелна порта која не само што обезбедува усогласеност со најстрогите регулаторни стандарди, туку служи и како светилник на иновациите и извонредноста во безбедноста на воздухопловството. Токму ова е тоа што го отелотворува Airport Briefing – прецизно изработено пионерско решение чија цел е да ги подигне стандардите за запознавање на светските аеродроми и нивните специфични карактеристики. Во неговото јадро, Airport Briefing ги надминува конвенционалните норми со беспрекорно интегрирање на врвна 3D технологија, нудејќи извонредно искуство кое е катализатор за негување прецизна визуелна слика за оперативната средина. Airport Briefing им помага на пилотите да се движат низ комплексноста на секој аеродром со неспоредлива ситуациона свесност, овозможувајќи им ефикасно да ги предвидат и ублажат потенцијалните закани.   

Причината за постоењето на Airport Briefing е јасна: да се зајакне безбедноста и ефикасноста на нивоа што претходно беа недостижни.  

Врзете ги појасите, полетуваме!  

1. Како започнува приказната за Airport Briefing?  

Приказната започнува пред околу 7 години, кога мојот пријател, сега бизнис партнер Кочо Мојсов, пилот во  Qatar Airways дојде со идеја дека како пилот му недостигаат алатки кој ќе му помогнат во делот што се нарекува Airport Briefing „Супер би било кога би имало некој 3D софтвер каде би можел да го гледам аеродромот во 3 димензии, каде ќе бидат собрани сите информации кои би ми го олесниле процесот на брифирање.“ Идејата беше негова, реализацијата наша, на софтверската компанија Synapse. Направивме демо верзија, ја презентиравме пред него и откако заклучивме дека сме на вистинскиот пат решивме да ја создадеме Synapse Aviation. Следен чекор беше софтверот да го презентираме пред тогашните потенцијални, денес веќе наши инвеститори и така започнува нашата приказна.  

2. Како до инвеститори особено за идеја, тим, компанија од Македонија?  

Наши инвеститори се интернационална група од различни земји од Блиски Исток, Индија и Африка. Предност во нашиот случај е тоа што сите инвеститори се од индустријата, сите се пилоти, го разбираат производот и неговите придобивки и затоа е многу полесно да убедиш некого да инвестира, отколку кога презентираш или бараш инвестиција од некој кој не се разбира во авијација.   

synapse-aviation-tim-1251-ps1

Извор: Synapse Aviation

4. Како пилотите го користат Airport Brifing  и во што всушност им помага?  

Истражувањата покажуваат дека 75% од несреќите се случуваат поради човечки фактор, а најзастапена и најдоминантна е токму слабата ситуациона свесност. Нашиот софтвер е уникатен токму заради тоа што го решава овој проблем. Пилотите користат компаниски таблет компјутери кои се викаат EFB(Electronic Flight Bag) уреди на кои имаат различни апликации, pdf текстови, карти и слично. Ние преку нашиот софтвер овозможуваме пилотите наместо описно да читаат како изгледа аеродромот, кои се условите и теренот, истите да ги гледаат визуелно преку 3Д технологија. Што значи тоа? Му даваме на пилотот целосна слика за тоа како изгледа аеродромот – колку писти има, како се поставени, каков терен има во околина, како изгледа околината – дали е зеленило, шума, карпи, песок, море, каде е морето, каде е градот, по која патека се движи, каде да слета, каде да слета доколку откаже некој мотор, потоа како изгледа  аеродромот ако времето е магливо, како изгледа наутро, преку ден и навечер. Сето ова го овозможуваме на крајниот корисник преку ЗД технологија, истата технологија што се користи во гејминг индустрија.  

5. Можеш ли да ни објасниш како 3Д софтверот на Airport Briefing помага за подобрување на когнитивните способноста на пилотот?  

Една слика вреди 1000 зборови, а уште повеќе вреди кога истата е интерактивна пилотите наместо да читаат информации за аеродромот – каде се наоѓа и како изгледа, за што е потребно време и концентрација, го отвораат Airport Briefing и го гледаат аеродромот. Факт е дека информација полесно и подолго се памти кога ќе ја видиш визуелно отколку да ја прочиташ и тоа е поентата на софтверот. Колку е ситуационата свесност поголема, толку подобро пилотот ќе носи одлуки и со сигурност ќе да се движи по непознати аеродроми или рути.  

Малкумина знаат дека пилотот пред летот планира како ќе лета, кои се резервни т.е алтернативни аеродроми за слетување, се подготвува за сите можни сценарија и сите тие се покриени во софтверот. Airport Briefing нуди и податоци за специфичните карактеристики на секој аеродром, на пример да се внимава на птици во определен период, на силни ветрови, дали некој дел е затворен , дали пистата има некои оштетувања итн. Софтверот дава сателитски слики, 3D терен, аеронаутички податоци, технологија и содржина за потоа компанијата да додава свои податоци кои се специфични за нив.   

synapse-aviation-3dview-1251-ps2

Извор: Synapse Aviation

8. Договорот со Lufthansa несомнено го лансира Airport Briefing кон исклучителен и светски успех. Дали можевте да замислите дека ќе стигнете до тука? Кои беа соништата, но и стравовите со кои се соочувавте?  

Дали го замислувавме успехот? Апсолутно да!  Креацијата почнува во умот, со мислата, со фантазијата. Ако не си замислуваш успех, нема да успееш, тоа нема да се случи. Во нашиот случај дури мислевме дека многу побрзо ќе се случи!  

Најголема пречка во нашиот случај беше пандемијата. Во 2017 го лансиравме производот на Аircraft commerce саемот во Амстердам, во 2018 го склучивме првиот договор со SunExpress, од 2018 до 2020 интензивно работевме -7 нови клиенти, презентации и започнавме  контакт со Turkish Airlines, Singapore Airlines, Catay Pacific, Emirates, и токму пред  да одам во Абу Даби да презентирам се затвори сè. Сепак, тие 2 години ги искористивме за да направиме подобра верзија од производот, да видиме што сме научиле, да го разгледаме фидбекот од клиентите. Во 2022 откако забраните почнаа да се креваат, полека се вративме во игра, а 2023 и 2024 веќе имаме позитивна промена и раст. Моментално сме во крајна фаза на случување на договор со TAP Air Португалија и  Smartwings Airline Чешка, а плановите се големи. 

9.  Можете ли да ни одвоите некоја интересна ситуација од почетоците на создавањето на Airport Briefing која засекогаш ќе ја паметите? 

Една од поинтересните случки со кои се соочивме беше во фаза кога за прв пат направивме имплементација на официјални аеронаутички податоци во Airport Briefing. Впрочем, имплементацијата на тие податоци кои ги користат речиси сите авиони како дел од нивниот Flight Management System, вклучуваше автоматска визуелизација на истите во 3D. Меѓу првите тестови на визуелизација на инструменталните процедури за слетување беше на аеродромот Инсбрук во Австрија, каде што се појави сомнение дека истите се погрешно проектирани. На наше големо изненадување, благодарение на тро-димензионалната анализа на процедурите увидовме грешка и потенцијална опасност по што веднаш ги известивме Австриските цивилни воздухопловни власти кои во координација со аеродромот Инсбрук се обврзаа дека ќе ги направат потребните корекции што е можно поскоро за со цел да се обезбеди потребната безбедност на воздухопловите кои ги користат тие процедури. Со ова непосредно учествувавме во подобрување на сигурноста во авио сообраќајот, конкретно во Инсбрук, Австрија.  

synapse-aviation-innsbruck-1251-ps3

Извор: Synapse Aviation

10. За крај, во што се крие тајната на успехот?    

Би рекол дека тајната на успехот е во моќта на имагинацијата, на мислата, на развојот на сопствените потенцијали, на упорноста, на желбата и мотивацијата, па ако сакате и на среќата, но сепак би издвоил неколку по “опипливи” клучни работи потребни за успех кога се работи за развој на производ:   

  • Да постои некаков проблем кој засега одреден (критичен) број на потенцијални корисници кои би биле спремни да платат за некакво решение на тој проблем. Мој совет е решението да адресира што поспецифичен и појасно дефиниран проблем и да таргетира само одредена “ниша” т.е дел од поголем систем. Поточно, да не се развиваат многу “општи” решенија кои решаваат сè и сешто.
  • Да се понуди квалитетно решение на проблемот кое во себе мора да содржи некаква уникатна вредност. 
  • Да се работи со експерт од проблематиката која се решава. Идеално сценарио е  Product Owner-от да биде и нарачателот и експертот од областа, а решението да се развива со крајниот корисник(компанија) која ќе вклучи цела група на идни корисници со што најдобро и најбрзо се добива “feedback” за функционалностите и бенефитите на продуктот уште во развојната фаза. Се разбира, оваа фаза никогаш не завршува во целост. 
  • Да се изгради тим од компетентни и многу мотивирани луѓе со искуство од следниве области: прептриемништво и менаџмент, инвестиции и финансии, технички развој на продукт (софтерски инженери) и секако експерти од областа на проблемот што го решаваме. 
  • Да се истрае на патот кој ќе биде поплочен со многу проблеми, кризи и порази, бидејќи тоа е единствениот начин да се дојде до знаењето и до вистинското решение (концепт на TRIAL-FAIL-LEARN). 

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.