Компанија Heineken, во соработка со трендсетерите на уличната култура од Bodega, го претставиja ‘The Boring Phone’ произведен од компанијата Human Mobile Devices (HMD). Ограничената серија на класични телефони, кои се посебно дизајнирани така што имаат намалени технички можности, создадена е за да ги поттикне луѓето да уживаат повеќе во дружењето за време на излегувањата, така што ќе се одвојат од своите паметни телефони.
Со паметните телефони кои стануваат сè понапредни и поинтересни за корисниците, никогаш не било полесно да се поврзете со онлајн светот, но исто така никогаш не било потешко да бидете присутни во сегашниот момент. Произведен од страна на европскиот иноватор за мобилни уреди, компанијата Human Mobile Devices (HMD), Heineken® x Bodega ‘Boring Phone’ ги отстранува сите дистракции кои ни доаѓаат од денешните паметни телефони. Дизајниран е да го обезбеди само основното што е потребно за одлично излегување, а примарната функција на телефонот е вршење на повици и испраќање SMS пораки.
Како изгледа досадниот телефон?
Проѕирното куќиште на телефонот и холографските налепници се инспирирани од Newtro модата и дизајнот кој го сака генерацијата Z, а кои потсетуваат на мобилните телефони од раните 2000-ти години. Без дополнителни модерни функции, овој телефон не може да преземе социјални мрежи или други апликации кои го одвлекуваат вниманието од уживањето во моментот. Телефонот исто така има батерија која во режим на мирувања трае дури една недела, а може да издржи и до 20 часа разговор.
Додека паметните телефони продолжуваат да го окупираат вниманието на корисниците ширум светот, новото истражување кое го нарача компанијата Heineken® покажа дека 90% од зиленијалите* (Zillennials) во Велика Британија и САД „сурфаат во празно“ додека поминуваат време со пријателите и семејство; просечно проверувајќи ги своите уреди седум пати за време на вечерта.
Извор: Heineken
Кога станува збор за најголемите дистракции, две третини од испитаниците признаваат дека проверуваат социјални мрежи (62%) додека поминуваат време во друштво, додека повеќе од една третина (36%) велат дека проверуваат работни е-пораки. Тројца од десет луѓе (30%) исто така рекле дека тајно играат игри наместо да уживаат во времето поминато со своето семејство и пријателите.
Иако повеќе од една третина (37%) од испитаниците откриваат дека често ги проверуваат своите телефони, повеќе од што треба додека се дружат, ситуацијата сепак почнува да се менува, бидејќи 32% признаваат дека би сакале да можат да се одвојат од своите телефони за време на ноќните излегувања. Охрабрувачки е што еден од пет испитаници (22%) велат дека веќе го исклучуваат својот телефон или го оставаат дома пред да одат на некој општествен настан, додека две од пет лица (38%) велат дека би размислиле за таа опција.
Heineken® и Bodega се одлучиле на ова партнерство за да им покажат на луѓето дека нивниот социјален живот може да биде побогат кога помалку работи се наоѓаат на нивниот телефон.