Што значи биткоин преполовување (halving)?

Неодамнешното биткоин преполовување го намали бројот на „нови" биткоини на пазарот и допринесе за раст на цената.

bitcoin-halving-1246-fi

Извор: DALL-E3

Вредноста на биткоинот падна на скоро 64.000 долари откако го достигна максимумот во средината на март, кога во еден момент се тргуваше за скоро 74.000 долари. Халвингот имаше големо влијание врз односот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот. Наградата за копање на трансакции се намали за 50 отсто, со што се намали и брзината на создавање на нови коини.

Зошто се случува bitcoin halving и како тоа влијае на копањето?

Експертите од ECD менувачницата, наведуваат дека целта на преполовувањето е да се креира недостиг на ресурси, слично како со златото и преку контролирана стапка на инфлација да се одржува вредноста на биткоинот во долг временски период. Доколку лимитот се приближува на 21 милиони биткоини, преполовувањето помага во одржување на пазарната вредност. Творецот на биткоин Сатоши Накамоти ја дефинираше максималната залиха и временските дистанци меѓу преполовувањата и тоа не може да се смени.

Бидејќи наградите за блокови се намалуваат за пола, рударите се принудени да ја унапредат технологијата и да користат енергетски ефикасни методи за зачувување на својата профитабилност. Поради тоа многу мали рудари едноставни испаѓаат од игра, а мрежата останува во рацете на моќни, сигурни и ажурни копачи. Се очекува дека ова ќе доведе до зголемување на продажните цени на биткоинот, со што би го надополниле намалувањето на приходите од наградите.

Кои држави се заинтересирани за bitcoin halving?

Во истражувањето на порталот Coin Wire базирано на податоци собрани преку Google Trends, земјите што најмногу се заинтересирани за bitcoin halving се Холандија, Словенија, Швајцарија, Австрија, Сингапур, Португалија, Германија, Белгија, Нигерија и Австралија. Интересно е што Соединетите Американски Држави кои се клучен играч на пазарот на криптовалути, заземаат 22. место според нивото на интерес. Иако имаат истакната улога во сферата на крипто валутите, САД отстапуваат од неколку други земји. Посебно значајно е што меѓу првите 10 што покажуваат најголемо интересирање за преполовување на биткоинот се главно европските земји, со Сингапур како единствен исклучок. Ова означува широк глобален интерес за преполовувањето на биткоин, при што Европа се истакнува како посебно заинтересирана во овој аспект.

Професор по книжевност изгубен во одаите на економското, техничкото и информатичкото новинарство.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.