Во вирален TikTok, кој е прегледан повеќе од 266.500 пати, Мелиса Вивер изјави дека се потрудила да се облече според канцеларискиот дрес код за нејзиното интервју за позицијата потпретседател за човечки ресурси во технолошка компанија. Таа рече дека носела црн блејзер и бела кошула. Ја средила косата и ги обоила ноктите во неутрална боја.
„Не мислев дека тоа е голема работа. Но, јасно е дека нив им беше“, напиша Вивер за инцидентот во есејот за Инсајдер.
@mel_weave Does wearing make up to work make a difference? #work #corporate #career #interview #job #jobsearch #makeup #jobinterview #opinion #advice #women
♬ original sound – Melissa
Вивер рече дека мислела дека интервјуто поминало добро, дури траело и 10 минути подолго од планираното. Сепак, таа била изненадена кога добила имејл неколку дена подоцна во која се вели дека иако е „во склад“ со она што го сака компанијата во однос на искуството и вредноста, таа не успеала да влезе во следната рунда.
Одговор од компанијата
Како професионалец за човечки ресурси, Мелиса барала повратна информација кога регрутерот ѝ кажал преку имејл дека компанијата е „загрижена што таа не вложила доволно труд за нејзиниот изглед со оглед на тоа дека интервјуирала за позицијата VP“.
На почетокот бев малку шокирана затоа што некој ми го напиша тоа на имејл. Но, уште повеќе, што во 2024 година сè уште се случува ова.
Изјави таа.
Луѓето во коментарите застанаа во одбрана на Мелиса Вивер, нарекувајќи ја одлуката на регрутерот „крајно несоодветна“ и ја повикаа да ја препрати е-поштата до шефот на HR на компанијата, пишува Entrepreneur.
Искрено изгледа како дискриминација“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.
„Нема да те вработам според твојот изглед?“ изјавил друг.
Вивер не ја именуваше компанијата.
Според нејзиниот профил на LinkedIn, Вивер последно работела како висок партнер за човечки ресурси во Action Network пред да биде отпуштена во декември 2023 година.