Како да се справите со стресот на социјалните мрежи?

Секој април се одбележува како месец на борба против стресот и служи да се потсетиме за важноста на контролирање на стресот за зачувување на менталното и физичкото здравје. Социјалните мрежи станаа еден од најголемите извори на стрес, поттикнувајќи анксиозност и други проблеми, но еве како да се справите со нив.

stres-na-socijalni-mrezhi-1276-fi

Извор: Freepik / defstock

Социјалните мрежи постојано нé преплавуваат со информации поради што може да почнеме да се чувствуваме како постојано да пропуштаме нешто. Покрај тоа, постојано е присутен и ризикот од измамници кои можат да ги злоупотребат нашите лични податоци за финансиска корист. Доколку го разбереме начинот на кој социјалните мрежи можат да влијаат на благосостојбата на корисниците, ќе можеме полесно да се справуваме со проблемите предизвикани од стресот. Важно е да научиме како да изградиме поздрав однос кон дигиталните простори.

Експертите на Kaspersky имаат неколку предлози како да се намали негативното влијание на социјалните мрежи, а со тоа и стресот:

Подобрете ја приватноста преку поставките

Правилно сетираните поставки за приватност на вашиот акаунт се исклучително важни за заштита на личните информации и одржување на дигиталната безбедност. Со одредување кој може да го гледа вашиот профил и објавите, значително ќе го намалите ризикот од несакани интеракции со злонамерни профили на социјалните мрежи. Оваа проактивна мерка го намалува ризикот од закани како што се следење, кражба на идентитет, доксинг и фишинг измами. Управување со поставките за приватност на најпопуларните социјални мрежи е овозможено преку упатствата на онлајн услугата „Проверка на приватност“.

bezbednost-na-socijalni-mrezhi-1276-ps1

Извор: Freepik

Внимавајте кои се вашите онлајн пријатели

Доколку ги ограничите вашите онлајн пријатели на оние кои лично ги познавате, ќе ги намалите шансите да се среќавате со лажни профили или да добивате злонамерна содржина како што се сцени на насилство или суровост кои можат да предизвикаат нелагодност, вознемирување и стрес . Со контролирање на дигиталното опкружување преку внимателно прифаќање на барањата за пријатели, придонесуваме за создавање позитивно и побезбедно онлајн искуство за секого.

Исто така, користењето на алатките на социјалните мрежи за групирање на пријателите ви овозможува  да споделувате персонализирана содржина со оние пријатели со кои сте блиски  и на тој начин значително го намалувате ризикот од стрес.

Бидете внимателни и не кликајте на сè

Clickbait линковите се насекде и затоа на секој линк и наслов на кои наидувате, особено на оние кои се чинат примамливи, треба да пристапувате со претпазливост, дури и ако доаѓа од пријател, бидејќи секогаш постои можност сметката на пријателот да е хакирана. Зад навидум безопасните линкови на социјалните медиуми често се кријат фишинг измами маскирани во легитимни веб-страници,  дизајнирани да ги измамат корисниците да ги споделат своите доверливи информации, како што се лозинки, финансиски и лични информации.

Фишинг-страниците често изгледаат многу убедливо и лесно ги измамуваат корисниците доброволно да дадат пристап до личните податоци. За да го избегнете ова, проверете ја адресата на веб-локацијата пред да внесете какви било информации или користете сеопфатно безбедносно решение.

Слабата лозинка им олеснува на измамниците

Слабата лозинка значително им олеснува на злонамерните профили да добијат пристап до разни акаунти на социјалните мрежи. Откако ќе бидат хакирани, овие акаунти може да се злоупотребуваат на многу начини, како што е измама на луѓе од списокот со контакти или вклучување во уцена и изнуда. Силната, сложена лозинка е првата линија на одбрана од такви закани. Заштитувајќи ги личните информации и дигиталниот идентитет со силна лозинка се штитиме од стресот што можеме да го доживееме поради хакирана сметка. Користење на доверливата опција password manager ја подобрува заштитата на социјалните мрежи.

Задолжително пријавете сомнителна активност

Онлајн платформите се наши сојузници во борбата за дигитална безбедност и средина без стрес. Кога корисниците пријавуваат несоодветно однесување или  вознемирувачка содржина (cyberbulling), тие не само што се заштитуваат себеси, туку придонесуваат и за заштита на пошироката заедница. Ваквите пријавувања им овозможуваат на компаниите кои стојат зад социјалните мрежи да преземат соодветни мерки како бришење на непристојни содржини, забрана на проблематични акаунти или имплементирање на нови безбедносни карактеристики, создавајќи побезбеден простор за секого.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.