Работа од соништата без диплома? Возможно е!

Девојка која работела како келнерка објаснува како успеала да ја најде работата од соништата без диплома.

rabota od sonishtata bez diploma vozmozno e

Извор: Freepik

Добро позната реченица на сите млади е „Во денешно време без диплома нема да успееш во животот.“ Иако се повеќе и повеќе се докажува спротивното, сепак стигмата постои.

Сакајќи да го докаже спротивното, Хана Марујама, млада Американка, успеа да ја најде својата работа од соништата и постигна многу повеќе од она што се очекува за „човек без факултет.“ Оваа девојка вели дека не би била ни приближно толку среќна ниту успешна на работа како што е сега, ако ги следела било кој од кариерните совети што ѝ ги дале во тинејџерските години. Професорите ѝ велеле дека „нема далеку да стигне“ без да оди на факултет и да стекне диплома, додека пријателите ја предупредувале да не ги менува работите пречесто.

Марујама била студент на Универзитетот Georgia Southern во Савана, но по неколку семестри се откажала. Некое време сметала дека нејзините кариерни опции без диплома ќе бидат ограничени на работи со ниска плата или на тоа да започне свој бизнис, пишува CNBC.

На крајот ја добила работата од соништата

Во текот на своите дваесетти години, Марујама работела како спасителка и келнерка, при што никогаш не заработувала повеќе од 30.000 долари годишно. Сега, на праг од триесеттата година, Марујама заработува 100.000 долари годишно работејќи во областа на вештачката интелигенција и тоа без диплома. Оваа 29-годишна девојка вели дека ја добила својата „работа од соништата“ како менаџер на операции во стартапот Neo License, кој развива софтвер за вештачка интелигенција, во 2021 година, така што го игнорирала вообичаениот совет за кариера: да не се пријавува за работа ако не исполнувате речиси ниту еден од условите.

Марујама се одлучила за кариера во технологијата пред четири години, откако ја загубила работата во служба за корисничка поддршка поради пандемијата. Барањето работа која се работи од дома изгледало како „сигурен влог“, вели таа, а повеќето огласи на кои налетувала на интернет биле токму за технолошки работни места, вклучувајќи дизајнери, продукт менаџери и софтверски инженери.

Во април 2020 година завршила онлајн курс се со цел да стане сертифицирана администраторка на Salesforce и три месеци подоцна ја доби својата прва работа во технологијата како Salesforce девелопер во компанија за советување за деловно управување.

Повеќето работни места за кои Марујама се пријавувала не барале диплома, но изискувале неколку години искуство и долг список на технички вештини потребни за извршување на работните обврски. Марујама вели дека главно ги игнорирала барањата на работите за кои се пријавувала.

„Целев кон  работни места за кои на хартија не ги исполнував условите затоа што тоа беа работи кои ме вобудуваа и во кои чувствував дека можам најмногу да напредувам“, вели таа.

Се разбира, не можете да ги прескокнете сите барања за работа. Барањата за диплома може да бидат флексибилни, особено со оглед на тоа што сè повеќе компании се откажуваат од нив, но ако работата бара одредена техничка вештина или сертификација, надредените веројатно ќе ги напоменат на разговорот за работа. Истата стратегија за пријава ја применила и во своето последно барање работа во 2021 година.

„Ако сакате да напредувате во својата кариера, ако сакате да достигнете нешто повеќе од она каде што се наоѓате моментално, поставете си предизвик. Несигурноста може да биде катализатор за раст“, вели Марујама.

rabota od sonishtata bez diploma vozmozno e

Извор: Freepik / user14919810

Важнa е самодовербата

За секоја од тие работи кои ги постигнувала, „во својата пријава или за време на интервјуто би напоменала дека ќе научи сè што е потребно“.

Самодовербата и проактивниот став, вели таа, ѝ помогнале да ја добие работата во NeoLicense – иако не ги исполнувала повеќето од условите наведени во описот на работата.

„Ако го немате она што го бараат, покажете им дека сте истражиле сè и дека имате план за стекнување на потребните вештини, било тоа да е посета на онлајн курсеви, стекнување на сертификати или следење на некого што ја има таа вештина на работа. Повеќето работодавци само сакаат да видат дека сте мотивирани и подготвени да учите“, верува Марујама.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.