Бројот на мобилниот телефон еволуираше во важен фактор за лична идентификација, при тоа речиси целосно заменувајќи ги традиционалните документи за идентификација (на пр. лични карти) кога се најавувате на бројни онлајн услуги – од социјални мрежи до банкарски апликации. Телефонските картички со припадниот броеви се толку интегрирани во дигиталните идентитети на корисниците, што губењето контрола над нив ја отвора вратата за неовластен пристап до важни лични и финансиски податоци. Затоа, заштитата на телефонскиот број и уредот станува клучна за зачувување на дигиталната благосостојба на корисниците, а експертите на Kaspersky споделуваат неколку корисни совети за ова прашање.
Безбедност по губење на телефонот и SIM-картичката
Губењето или кражбата на телефонот заедно со SIM картичка носи голем стрес, не само поради губење на личниот уред, туку и поради ризик за дигиталната безбедност на корисникот. Бидејќи SIM-картичките може лесно да се префрлат на друг телефон, отсуството на PIN заштита ги прави личните сметки поврзани со тој телефонски број ранливи на неовластен пристап.
Во такви случаи, првиот чекор треба да биде контактирање на мобилниот оператор како давател на услуги, со барање за блокирање на SIM картичката. Откако ќе се деактивира SIM картичката во изгубениот уред, ризикот од нејзина злоупотреба повеќе не постои. Следниот чекор по блокирањето е да преземете нова SIM-картичка со истиот телефонски број.
За корисниците на e-SIM, процесот вклучува контактирање на давателот на услуги со барање да се деактивира SIM картичката на изгубениот уред и да се постави на новиот уред. Овие проактивни мерки помагаат да се минимизира влијанието на загубата и ефикасно да се заштитат личните податоци.
Безбедно управување со промените на телефонскиот број
Кога се појавува потреба да се префрлите на нов број, без разлика дали истата се должи на постојани спам повици, повици за измама или несакано внимание, од клучно значење е внимателно да се управува со процесот. Постоечкиот телефонски број веројатно се користи како корисничко име или опција за враќање на сметката за различни важни услуги, вклучително и социјални мрежи и банкарски апликации.
Мобилните оператори често ги враќаат броевите на користење по 90 дена и доделуваат стари броеви на нови корисници. Ако сметките поврзани со одреден број не се префрлат, новиот сопственик би можел потенцијално да пристапи до нив, со што ќе се загрозат личните податоци.
Се препорачува да не брзате во текот на овој процес. Најбезбедната опција е да обезбедите нов број за почеток и да го задржите стариот активен. Овој период на преклопување е од суштинско значење за ненаметливо одвојување на налогот од претходниот број. Користењето на password manager може да биде многу корисно во оваа фаза: Mоже да помогне да се идентификуваат услугите што го користат бројот како акредитив за најава. Дополнително, прегледувањето на историјата на дојдовните СМС пораки за кодови за потврда може да обезбеди индиции за тоа кои услуги треба да се ажурираат.
Преземање на SIM картичка
Измамите за преземање на SIM-картичка започнуваат кога измамниците собрале доволно лични информации потребни за лажно претставување. Овие податоци често се добиваат преку фишинг, т.е. со испраќање лажни мејлови кои личат на оние од мобилните оператори, во кои се бараат лични податоци на лажни веб-страници или преку вишинг, т.е. повици во кои се претставуваат како претставници на мобилни оператори и ги мамат корисниците да откријат чувствителни информации.
Откако ќе го соберат името, адресата и матичниот број, измамниците можат да го натераат мобилниот оператор да го смени телефонскиот број на нова SIM-картичка што ја контролираат. Ова им овозможува да ги пресретнат сите податоци во пораки испратени на тој број, како што се еднократните лозинки, овозможувајќи им на измамниците пристап до финансиски и лични сметки. Жртвите обично не сфаќаат дека биле измамени додека не ја изгубат услугата на операторот или не забележат чудна активност на нивните сметки.
За да се заштитите од овие измами, се препорачува да внимавате на е-пошта и повици кои бараат лични податоци или поттикнуваат брза акција. Потврдете ја секоја сомнителна комуникација со контактирање на давателот на услугата директно преку официјални канали. Ако постои сомневање за киднапирање на SIM картичката, веднаш контактирајте со вашиот оператор за да обезбедите налог и да ги следите извештаите на вашата сметка за неовластени трансакции. Додавањето уникатен PIN или лозинка за промените на мобилната сметка, исто така, ја подобрува заштитата, додека имплементацијата на сеопфатни решенија за сајбер безбедност помага да се заштитите од интеракции со веб-локации кои имаат за цел да придобијат чувствителни кориснички податоци.
„Во денешниот меѓусебно поврзан свет, телефонските броеви станаа еден од најважните лични идентификатори, налик на дигитален отпечаток од прст. Многу е важно со најголема внимателност да се пристапи кон безбедноста на телефонскиот број. Препознавајќи ги ризиците од злоупотреба и потенцијалните проблеми, можеме да се заштитиме од значителни идни проблеми и загуби. Згора на тоа, будноста во комбинација со модерни решенија за сајбер безбедност создава цврста одбрана од различни закани“, коментира Ана Ларкина, експерт за анализа на веб-содржини во Kaspersky.