Вдишете. Она што следува е деликатен танц на повратна комуникација: да не изгледате како сè уште да сте со мислите на плажа, но и да не напишете порака што вика: „Не сум јас виновна што не бев тука кога вие го решававте хаосот.“
Затоа, еве неколку совети како да пишувате мејлови по одмор без пасивна агресија.
Започнете човечки, завршете професионално
Наместо:
„Ви благодарам за трпението за време на моето отсуство (иако баш и го немаше)“
Обидете се со:
„Ви благодарам на разбирањето – штотуку се вратив и ги прегледувам сите пристигнати пораки.“
Звучи љубезно, а сепак испраќа сигнал дека ви е потребно малку време.
Не пишувајте „како што наведов во автоматскиот одговор“
Знаеме, напишавте. Тие не го прочитале. Одиме понатаму. Повторете ја клучната информација од out-of-office пораката – без навреда. Пасивната агресија нема да ви го олесни животот – само ќе ве држи подолго пред компјутер, намуртени.
Избегнувајте „се обидувам да се вратам во текот на работите“
Оваа фраза звучи како: „Не ме вознемирувај барем уште три дена.“
Наместо тоа, кажете:
„Ги прегледувам приоритетите за да реагирам ефикасно – ќе ви се јавам наскоро со повратна информација.“
Присутни сте, ангажирани, но сепак реални.
На крајот на денот (и одморот)
Најважно е да не започнете со одговарање на мејлови со менталитетот: „Ќе им вратам за секој forward што го добив додека бев офлајн.“
Враќањето на работа не мора да значи враќање во прегореност.
Може да значи и враќање кон баланс.
Извор – bizlife.rs