Анализа на пазарот на трудот покажува: Овие вештини ќе бидат заменети до 2030 година

Вештачката интелигенција целосно ќе го промени начинот на кој функционираме на работното место, од самите вештини до начинот на работа, според најновите податоци од LinkedIn.

analiza-3600-fi

Извор: Unsplash

„До 2030 година, дури 70% од вештините што денес се користат на поголемиот дел од работните позиции ќе бидат изменети“, вели Ендру Симан, уредник за теми поврзани со вработување и развој на кариера во LinkedIn News.

Овие податоци се резултат на анализа на вештини што работодавачите најчесто ги наведуваат во огласите за работа, но и оние што корисниците ги наведуваат во своите профили. Во анализата се земени предвид и историски трендови, како и предвидувања за тоа кои вештини може да ги реплицира вештачката интелигенција.

Сепак, Симан смета дека овие вештини нема целосно да исчезнат, туку ќе еволуираат. Со него се согласуваат и други експерти, пренесува CNBC Make It.

„Како што технологијата продолжува да го менува начинот на кој работиме, сите мора да внимаваме како се развива пазарот, за да останеме конкурентни“, вели Стејси Халер, главна советничка за кариера во компанијата Resume Builder.

Повеќе нема да внесувате податоци туку ќе управувате со нив, во блиска иднина, работодавачите ќе користат вештачка интелигенција за да ги унапредат вештините на своите вработени, посочува Симан.

„Можно е веќе да не внесувате податоци рачно, туку само да управувате со нив“, објаснува тој. На сличен начин, професијата промпт инженер, која денес изгледа атрактивно со текот на времето може да прерасне во работа што подразбира управување со AI насоките и големи јазични модели.
Со други зборови, досадните и рутински задачи ќе ги преземе вештачката интелигенција, додека луѓето ќе ги надгледуваат и организираат тие процеси.

Се разбира, не сите професии ќе бидат подеднакво погодени. Работни места што вклучуваат мануелен труд или изведувачки активности, како што се градежни работници или музичари, ќе останат помалку изложени на промени.

Од друга страна, професии како што се софтверски инженер, веб-дизајнер или касиер, ќе доживеат голема трансформација AI ќе преземе дел од задачите, овозможувајќи им на работниците да бидат попродуктивни. „Во иднина, можеби една личност ќе може да заврши работа за неколкумина“, вели Симан.
За да останете конкурентни, клучно е да се навикнете на постојани промени.

analiza-3600-ps1

Извор: Freepik

„Луѓето мора да се навикнат на тоа дека вештините се менуваат“, вели Симан. „Тоа е единствениот начин да се остане конкурентен на пазарот на труд.“

Првиот чекор е редовно да ги следите листите на бараните вештини на платформи како што се LinkedIn, Upwork и Indeed. Ако забележите вештина што ви изгледа интересна или корисна, вклучете ја во вашиот план за учење, преку туторијали, онлајн курсеви или работилници.

Ако познавате некој што веќе ја поседува таа вештина, прашајте го да ве научи на основите.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.