Од Шанел до Гучи: Кога модните логоа играат двојна улога

Зошто логото на Gucci изгледа како Chanel? Како е можно Pepsi и Korean Air да имаат ист круг во црвено и сино? И што е со мистериозната сличност меѓу Starbucks и Starpreya?

logo-3599-fi

Извор: Unsplash

Дизајнот не познава граници  но понекогаш изгледа дека и некои брендови не познаваат оригиналност, тој одамна престана да биде чиста креација. Денес, дизајнот е игра помеѓу препознатливост и оригиналност, помеѓу трендови и идентификување. Во светот на глобален маркетинг и визуелна препознатливост, границата меѓу инспирација и имитација е сѐ потенка. Некои од најпознатите светски брендови користат неверојатно слични логоа  толку слични што не можеме да не се запрашаме: дали е ова случајност, или добро прикриена стратегија?

Во ерата на глобален бренд хаос, кога е се потешко да се биде оригинален, дали инспирацијата преминува во имитација – или сме сите дел од истиот визуелен алгоритам кој ги обликува нашите перцепции, очекувања, па дури и креативните решенија.

Присуството на  логотип е се поголемо кај глобални брендови па  дури и оние кои доаѓаат од сосема различни индустрии. Едни од многуте се Chanel и Gucci: две модни куќи со децении долга историја, но со речиси идентична форма на логото, симетрични, испреплетени букви на кои формата, распоредот и стилот се опасно блиску.

Па од тука се протега прашањето: кога брендот престанува да биде свој и станува само уште еден од многуте?

Можеби тогаш кога ќе почне да го менува своето лого за да личи на она на конкуренцијата. Или кога ќе избере типографија што веќе ја имале пет други или можеби кога ќе престане да се прашува зошто постои.

Во светот на виралните трендови, копирање и инспирации, клучното прашање е: Како да бидеш актуелен, а да не станеш заменлив?

И уште поважно: Кога беше последниот пат кога некој бренд навистина личеше на себе?

Извор: WebМind редакција

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.