Од тој аспект, компанијата Nestlé, која има програма за млади таленти, нуди совети за тоа како да препознаете дали вашиот претпоставен е навистина добар ментор. Образованието е неопходен и важен предуслов за преземање на првите деловни чекори, но само со добар водич, младата личност може да го оствари својот целосен потенцијал. Квалитетната и темелна менторска работа е она што врвните компании ги вбројува меѓу најпосакуваните работодавачи.
Искрен и конструктивен фидбек
Добар ментор дава повратни информации кои се директни, но истовремено полни со разбирање, поддршка и охрабрување за напредок. Наместо да критикува, тој се фокусира на конкретни аспекти што можат да се подобрат, при тоа давајќи јасни примери и препораки за понатамошна работа. Ваквиот пристап им помага на младите колеги подобро да ги согледаат своите предности и слабости и да се развиваат во вистинската насока.
Достапност
Менторот треба да биде лесно достапен и отворен за комуникација. Младата личност која штотуку влегува на пазарот на труд треба да се чувствува слободно да поставува прашања, аргументирано да го искажува своето мислење или да побара совет без страв од осуда. Достапноста создава безбедна средина за учење и развој.
Извор: Freepik
Флексибилност и отвореност
Секоја ситуација е различна, а добар ментор знае дека понекогаш е неопходно да го прилагоди пристапот. Флексибилноста во методите на менторирање и отвореноста кон нови идеи или пристапи им овозможуваат на младите да истражуваат различни можности и да ги развиваат своите способности на различни начини.
Посветеност
Посветеноста на менторот е клучна за успехот на менторскиот однос. Добар ментор активно вложува време и труд во развојот на младиот човек, го следи неговиот напредок и му дава поддршка кога е потребно. Ова го инспирира младиот човек дополнително да се ангажира, со задоволство да соработува со другите и да го збогатува своето работно искуство.
Преземање одговорност
Добар ментор е исклучително самосвесен и без суета. Создава атмосфера во која отворената комуникација и почитувањето се високо вреднувани и наградени. Тоа подразбира и признавање на грешките и учење од нив, како и помагање на новиот колега да разбере дека предизвиците се дел од процесот на учење. Овој пристап создава меѓусебно чувство на доверба и гарантира долга и успешна соработка.
Nestlé останува посветен на препознавање на уникатните сили и таленти на младите и им овозможува дополнително да ги развиваат овие квалитети. Преку поддржувачка околина, младите лесно ги совладуваат предизвиците и ги унапредуваат своите вештини. Клучно е негувањето на култура на доверба и мотивација, во која се гледаат развојните полиња на младите како можности за напредок. Таквиот пристап не само што го поттикнува личниот раст, туку го зајакнува тимскиот дух и заедништвото, што придонесува за заедничкиот успех на целата компанија.
Извор: Bizlife.rs