Notepad и Paint добиваат функции базирани на ВИ

Microsoft Notepad и Paint добиваат нови функции базирани на ВИ.

notepad-2462-fi

Извор: Pixabay

Што се однесува до Notepad, тоа е функцијата наречена Rewrite, која овозможува ВИ да уредува реченици, да го менува тонот и должината на текстот во Notepad.

Корисниците на Windows Insider можат да пристапат до функцијата Rewrite со означување на текст во прозорецот на Notepad, десен клик или со притискање на Ctrl+I. Се појавува прозорец за дијалог кој ги прикажува промените што ги предлага ВИ за означениот текст, како и прилагодливи менија за функциите, вклучувајќи „Longer“, „Tone“ и „Format“ над копчето „Replace“.

Доколу корисникот сака да пишува самостојно, може да ја исклучи ВИ функцијата во менито за поставки на апликацијата.

Paint добива ВИ функции наречени Generative Fill и Generative Erase. Новата функција „fill“ може да уредува и да додава визуелни карактеристики на фотографии и цртежи откако корисникот ќе нацрта рамка и ќе внесе текст за да ја опише фотографијата што сака да ја додаде во избраното поле.

Со Функцијата „erase“ може да се отстранат детали од фотографии и цртежи откако корисникот ќе ја избере „генеративната четка за бришење“ додека ја користи алатката за бришење.

Интересно е тоа што на Notepad му беа потребни повеќе од 40 години за да добие функција за проверка на правопис, а само неколку месеци за да пристигне ВИ што може да црта и уредува текст.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.