Како можат лидерите да останат СМИРЕНИ во предизвикувачки ситуации?

Емоционалната регулација, способноста да се модулира емоција или збир на емоции, е предуслов за силно лидерство. Оваа вештина е важна за лидерите во сите индустрии.

lideri-2419-fi

Извор: Unsplash

Директорите знаат дека одржувањето смиреност под притисок и покажувањето предвидливи, разумни емоционални реакции во предизвикувачки ситуации може да ја поддржи психолошката безбедност и ефикасноста на тимот.

Меѓутоа, многу често, лидерите претпоставуваат дека регулацијата значи потиснување или отфрлање на емоциите, особено оние кои се сметаат за „негативни“, како што се гнев, љубомора, осаменост или срам. Обрнувањето внимание на она што некој навистина чувствува е моќна и недоволно искористена лидерска вештина. Во реалноста, емоционалната регулација значи препознавање, означување и промислено реагирање на целиот спектар емоции, дури и на оние непријатните.

Бидејќи негативните емоции можат да бидат тешки, луѓето бараат „алатки, совети и тактики“ за да ги заобиколат „лошите“ чувства. Но, за вистинско справување со комплексните предизвици, потребно е да се нурне подлабоко: наместо само да барате информации, истражете повеќе слоеви на чувствата. Еве три начини да го направите тоа:

lideri-2419-ps1

Извор: Pixabay

Зголемете ја емоционалната писменост

Луѓето често знаат да ги разликуваат позитивните од негативните емоции, но помалку се вешти во разликувањето на негативните емоции. Често користат општи термини: лути, тажни, лоши. Истражувањата, сепак, покажуваат дека способноста прецизно да ги означиме своите емоции – познато како емоционална писменост – води кон подобро справување со стресот, подобро решавање на конфликти и попозитивни меѓучовечки односи.

Често избегнуваме да ги разјасниме своите негативни емоции од страв дека тоа ќе ја зголеми нашата несреќа. Но, истражувањата покажуваат дека сме помалку депресивни кога ги прифаќаме и негативните и позитивните емоции. Премногу фокусирање само на позитивните чувства може да го влоши менталното здравје. Прекумерното стремење да бидеме „среќни и оптимистични“ често бара прекумерна будност и редовно скенирање на околината за потенцијални проблеми, што нè исцрпува ментално.

За зголемување на емоционалната писменост, препорачливо е да се застане два до четири пати дневно и да се дефинира моменталното емоционално состојба. Овие практики ни помагаат да обрнеме внимание на суптилните нијанси на секоја емоција и да го подобриме нашиот емоционален речник.

lideri-2419-ps2

Извор: Pixabay

Паузирајте и прифатете пред да преземете акција

Не е пријатно кога ќе ве обземат негативни емоции како срам, лутина или несигурност. Поради оваа непријатност, реакцијата на луѓето на негативните емоции е да преземат акција и да го одвлечат вниманието од нивните чувства за да се фокусираат на „поправка“ или „дејствие“. Иако ова е вообичаен начин за намалување на тензијата, лидерите треба да се воздржат од овој импулс. Нашиот прв импулс кога сме во негативно расположение е ретко оној внимателно обмислениот кој би го избрале откако ќе ги анализираме своите чувства.

Лидерите кои вежбале да ги прифаќаат сите чувства, било позитивни или негативни, на крајот доживуваат помалку стрес од своите колеги. За да се справат со секојдневните стресови, лидерите треба:

1) правилно да ги именуваат своите емоции

2) да прифатат дека е во ред да имаат емоција, дури и ако е негативна

3) да се спротивстават на нагонот да делуваат импулсивно за да ја променат својата емоционална состојба 

lideri-2419-ps3

Извор: Freepik

Прво идентификувајте ја незадоволената потреба, а потоа дејствувајте

Истражувачите откриле дека негативните емоции укажуваат на подлабоки, незадоволени потреби. Ако брзо реагираме за да ја намалиме таа емоција, можеме да пропуштиме важни информации. На пример, гневот може да сигнализира дека се чувствуваме потценети или дека сме во опасност да бидеме искористени; вината или срамот може да укажат на тоа дека треба да се поправиме.

Лидерите треба да бидат подготвени редовно да се приспособуваат на својата емоционална состојба и да станат љубопитни кога нивните негативни емоции се силни. Во денешните динамични и сложени средини, лидерите треба да обрнат внимание, да паузираат, не само да делуваат, и да ги анализираат основните потреби кои нивните емоции ги сигнализираат за да можат да напредуваат на долг рок.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.