Лидерство во време на несигурност: Како да останете фокусирани во хаосот

Во денешното забрзано и дигитализирано опкружување, лидерите се соочуваат со постојан и преоптоварувачки прилив на информации. Секојдневно сме бомбардирани: просечниот интернет корисник денес прима повеќе информации за еден ден отколку што човекот од 15 век би добил за цел живот.

liderstvo-3883-fi

Извор: Freepik

Вработените трошат околу 88% од своето работно време комуницирајќи преку уреди, со дури 20 часа неделно поминати во пишување и читање пораки. Таквото „постојано вклучено“ опкружување доведува до висок степен на стрес , 60% од луѓето пријавуваат прегореност како директен резултат на дигиталното преоптоварување. Фокусот се распарчува, а способноста за донесување стратешки одлуки ослабува.

Forbes забележува дека паметните телефони ја зголемуваат продуктивноста, но постојаната поврзаност можеби поттикнува скриена криза: зачудувачки годишен губиток од трилион долари во глобална продуктивност поради депресија и анксиозност на вработените.

Во таа „врева“ од информации, смирениот ум станува највредната алатка на еден лидер. Состојбата на внатрешна стабилност не е луксуз, таа е основа за јасна перцепција, отпорност на притисоци и донесување сигурни одлуки.

Свесноста (mindfulness) како одговор на преоптовареноста

Сè повеќе научници и лидери ја истражуваат врската помеѓу внатрешната состојба на човекот и неговата способност да води низ комплексни предизвици. Невролозите како д-р Ендрју Хјуберман (Andrew Huberman), психолози како д-р Даниел Големан (автор на концептот за емоционална интелигенција), како и истражувачи од Harvard Business School и Stanford, ја нагласуваат важноста на свесноста, емоционалната регулација и присутноста како клучни квалитети на современите лидери.

Меѓу нив, еден од највлијателните и најпрепознатливи гласови е секако д-р Дипак Чопра (Deepak Chopra) доктор, писател, предавач и пионер на интегративната медицина.

Магазинот TIME го вброи меѓу 100-те највлијателни луѓе на векот, а неговата работа ја спојува современата медицина, невронауката и духовната мудрост во пристап кој инспирира милиони луѓе ширум светот. Тој е автор на повеќе од 95 книги, преведени на над 40 јазици, меѓу кои и бестселерите „The Seven Spiritual Laws of Success“ и „Super Brain“. Неговите учења денес ги применуваат поединци, тимови и организации насекаде низ светот  од водечки технолошки компании до светски лидери и креатори на политики.

Алатки за свесно лидерство: што препорачува д-р Чопра

Во време кога вниманието е станато најскапоцен ресурс, д-р Чопра нуди конкретни алатки и техники кои им помагаат на лидерите да развијат внатрешна стабилност, емоционална отпорност и присутност. Неговиот пристап се темели на современата невронаука, квантната теорија и древните духовни практики, создавајќи интегриран пат кон ментално и физичко здравје.

1. Медитација како дневен „ресет“

Чопра посочува дека редовната медитација е најмоќната алатка за „разбудување на свесноста“ и излегување од автоматските мисловни шаблони. Тој препорачува водени медитации, техники на свесно дишење и молчење како начин лидерите да го обноват фокусот и да се поврзат со подлабоки извори на креативност.

„Медитацијата не е бегство од реалноста. Тоа е враќање кон изворот на твојата сила.“
 Д-р Дипак Чопра

2. Свесно дишење и управување со стресот

Дишењето е мост помеѓу умот и телото. Чопра нагласува едноставни вежби (како абдоминално дишење или издолжен издишувач) кои го активираат парасимпатичкиот нервен систем  одговорен за обновување и опуштање.

Лидерите кои практикуваат свесно дишење реагираат смирено и рационално, со повеќе емпатија кон себе и кон другите.

3. Поставување на намера (intention setting)

Чопра често вели: „Таму каде што е вниманието, таму е и енергијата“. Затоа препорачува денот да започне со јасна намера не само со цел, туку со квалитет на присуство. На пример:

„Денес сакам да бидам присутен/присутна во секој разговор“ или
„Ќе внесам мир во напнати ситуации.“

Оваа практика им помага на лидерите секојдневно да го „калибрираат компасот“ и да носат одлуки од центарот, а не од реактивниот ум.

4. Телото како компас: движење, сон и исхрана

Во својата книга Perfect Health, Чопра го претставува учењето на древната ајурведа на модерен и разбирлив начин. Тој телото не го гледа како механичка машина, туку како „динамичен квантен систем“, каде што мислите, емоциите и енергијата постојано циркулираат.

Затоа телесното здравје не зависи само од исхраната и вежбањето, туку и од внатрешната состојба на умот. Лошиот сон, исцрпеноста и слабиот режим на исхрана водат до намалена концентрација и импулсивни одлуки.

5. Самонабљудување и работа со мислите

Чопра учи дека практиката на свесно набљудување на мислите, без да се идентификуваме со нив, е моќен алат. Лидерите така учат дека тие не се своите мисли, туку сe свесноста која ги набљудува.

„Вие не сте вашите мисли. Вие сте свесноста која ги набљудува мислите.“
 Д-р Чопра

Зошто методите на Чопра се важни за современите лидери

Во свет кој сè повеќе ја вреднува менталната јасност, отпорноста и автентичноста, учењата на Чопра стануваат клучен дел од личниот и професионалниот развој на лидерите.

Harvard Business Review и McKinsey сè почесто истакнуваат дека лидерите на иднината нема да бидат најгласни и најбрзи, туку најприсутни, емотивно интелигентни и центрирани. Forbes известува дека лидерите со висок степен на самосвест имаат 10% подобри перформанси во своите улоги.

Чопра со децении зборува токму за тоа: дека вистинското лидерство почнува одвнатре. Неговите методи им овозможуваат на лидерите да:

  • носат одлуки без паника и импулсивност,
  • го задржат фокусот и во најпредизвикувачки моменти,
  • бидат инспиративно присуство за своите тимови,
  • и останат верни на своите вредности и смисла.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.